Темпераментна игра на бои во колекцијата на Шарлот Олимпија

30 јануари 2014

 

Шарлот Олимпија со својата пред-зимска колекција  отвара една нова димензија за светот на оние жени кои преку изборот на невообичаени аксесоари претендираат да излезат од монотоната шема. Паричници со откачени принтови, чевли на високи потпетици обоени со богат колорен микс, чанти во необични форми и натписи со порака, понудата на брендот  најавува нетипична зима со темпераметна игра на бои.

 

 

Луксузните чевли и модните додатоци, дизајнерката Шарлот Олимпија Делал почна да ги креира како резултат на нејзината љубов кон модата и уметноста во создавањето на женските корсети. Нејзините дизајни станаа синоним на класичната софистицираност и прецизен избор на детали во изработката. Сите креации се рачно изработени во Италија со употреба на најдобрите материјали, а секоја обувка го има потписот на златниот пајак. Леопардовите принтови, инвентивните украси како лисиците на чантите, за краток временски период се рангираа во класиците и станаа едни од најпосакуваните модели од страна на познатите личности, но и на сите жени кои сакаат да вметнат уникатност и маркантност во својот изглед.

 

 

 

 

 

 

 

 

Charlotte-Olympia-Pre-Fall-2014-Collection-9

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Објавено:
30 јануари 2014
Категорија: 
Колекции