Веднаш да ја решиме заблудата дека спортската облека е „досадна и неинвентивна“. Токму новата колекција на спортската етикета Адидас, не само што го покажува спротивното, туку со себе носи посебна енергија и разиграност дефинирани преку темпераментните и колоритни принтови и впечатливите бои и аксесоари.
Возбудливата колекција е фузија на едноставни парчиња, ретро спортски детали и јаки бои. Лесно може да се забележи дека комплетно колекцијата отскокнува од есенските стандарди кои обично се базираат на потемни и смирени бои, и прави ексцентричен престап во секој поглед. Изборот на принтови е неодолив: милитаристички, зебрест, флорален, апстрактен...
Во спортските „униформи“ особено се издвојуваат кратките топови, удобните тренерки, предимензионираните блузони, кратките шорцеви, урбаните ранчиња и капи.
Со оглед на колорната карта и миксот на принтови и неонските бои, сензибилитетот на есенско-зимската линија на Адидас како да е поблизок до стилот на тинејџерите и адолесцентите, но во секое правило постојат исклучоци, зарем не?