И покрај околностите, колекција од Висока мода подготви и руската дизајнерка Улијана Сергеенко. Со шестминутно видео, кое може да се нарече и краток документарен филм од три дела, таа ги воведува гледачите во нејзината колекција, за која подоцна ќе излезат и фотографии.

Сергеенко прави спој на традиционалните везови и техниката на хеклање, со естетиката на 40-тите. Всушност, ќе рече дека оваа нејзина колекција може да биде ода на 40-тите.

Од нив ја презема женствената нота, силуетите, кои во голема мера изобилуваат со строгост и јасна нагласеност.

И покрај тоа што колекцијата е монохроматска, не можете во никој случај да ја наречете досадна, а за тоа се виновни деталите со кои ги збогатува креациите, како и севкупната визуелна презентација.

Фантастични, впечатливи обетки од тантела, специфични, традиционални везови како што веќе споменавме, како и огромните цветни аранжмани направени од пердуви ќе ви го привлечат вниманието несомнено.

Исто така, комбинацијата на материјали, на кој начин тантелата е ненаметливо вметната, привлекува внимание, но не го дефокусира од остатокот од изгледот е мошне успешно направена.

Косата во стилот на 40-тите сосема ја надополнува оваа модна приказна сместена во 2020 година.

Во самото видео, а и на една од фотографиите се појавува и 38-годишната дизајнерка, со цел да порача дека и самата е дел од историјата што ја инкорпорира во своите дизајни. „Тоа што создавам, тоа сум“ би била нејзината порака.

Резултатот е софистицирана, класична, дамска колекција, која во морето ексцентрични стајлинзи, знае да делува освежувачки, многу повеќе од стерилно.

Погледнете:

 

 

Објавено:
14 јули 2020
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
307 пати