Велентино ги испрати високата мода и ноќниот живот на рандеву во карнери

27 јануари 2023

Модната куќа Валентино вчера ја престави својата најнова пролет/лето колекција со печат на уметничкиот директор Пјерпаоло Пичоли.

Она што ги подгреа и така љубопитните очи беше колекцијата инспирирана од ноќните клубови, а сето шоу се одвиваше под мостот Александар III во француската метропола.

Слобода на изразувањето отелотворена во гламур и екстраваганција, состанок на високата мода и ноќниот живот.

Акцентот се стави на облеката како алатка за трансформација, ослободување на вистинското ЈАС, без прикривања и проектирање на лажен имиџ.

Преку боите и мноштвото карнери колекцијата потсети на стилот од 80-те, а како акустично дополнение на вечерта беше одличниот ретро-футуристички микс на диџејот Енди Батлер.

Фото: ELLE

Објавено:
27 јануари 2023
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
221 пати
Тагови: 
Валентино