Викторија Бекам покажа зошто е омилена

12 септември 2016

Несомнено Викторија Бекам е на врвот од листата дизајнери-ѕвезди. Во последните шест години колку што и постои нејзиниот моден бренд, таа континуирано прогресира во својата работа и стои рамо до рамо со најизвиканите дизајнерски имиња.

Со нејзината нова колекција, за сезоната пролет-лето 2017 промовирана на Модната недела во Њујорк, таа го потврди својот статус и покажа зошто публиката односно нејзините клиенти ја обожуваат.
Едноставно таа е жена која точно знае што жените сакаат.

Во својата последна колекција на пиедестал ја стави женственоста со целата елеганција и префинетост што ја носи, па дури и во оние лежерни аутфити со опуштени линии беше присутна женската грациозност.


Она што прво се воочува во оваа линија на Бекам е изборот на кадифе како омилен материјал присутен во најголем дел од креациите. И тоа во нежни, летни,  тонови: сина, виолетова, портокалова.

Но, карактеристично за нејзината естетика, присутни беа и асиметрични и повеќеслојни модели во потемни бои како тегет, маслинесто зелена и црна.

Сите комбинации се надополнети со платнени чизми до колена и чанти со кратки рачки што се носат како торби.

Објавено:
12 септември 2016
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
1.335 пати