Во моменти кога останувате без инспирација за што да облечете во жешките летни денови, секогаш можете да се потпрете на безвременскиот Гингам принт.
Мора да постои добра причина зошто Викторија Бекам, Рис Витерспун, Холи Вилоби и Сара Џесика Паркер се само дел од многуте ѕвезди и модни икони што го сакаат овој класичен принт, нели?
Убавината на фустаните во Гингам принт, кои најчесто се изработени од памук или лен, се состои во тоа што принтот е толку едноставен што дава безброј можности да се експериментира со него. Во зависност од тоа за каков крој ќе се одлучите и со кои модни додатоци ќе го искомбинирате, секогаш можете да постигнете различен стил и ефект.
Краток или долг; широк или тесен; со класични ракави, ракави со волумен или пак без ракави; искомбиниран со платнени патики, лесни и елегантни сандали или потпетици на платформа; во пар со сламени шешири, уникатни ремени, шик чанти или драматични очила за сонце...За што и да се одлучите, можете да бидете сигурни дека имате вистински „трансформер" во вашиот ормар, кој можете да го искористите како фустан за опуштени летни денови покрај плажа или пак како елегантна тоалета за вечерни излегувања.
Ова се нашите 10 предлози за најубави Гингам фустани за ова лето: