Сабота во летно карирано фустанче со панделка
•
26 јуни 2021
Добро утро. Уште еден викенд пред нас, топол и сончев, па се надеваме дека ќе го искористите на вистински начин.
Нашиот предлог за тоа како можете да изгледате е летна комбинација, идеална за топли денови.
Се работи за фустанче, во случајов во кариран принт на прерамки и со крој кој е доволно комотен за да обезбеди удобност при носењето.
Она што го прави интересен е грбот во кој има две ленти кои се врзуваат во панделка.
Искомбиниран е со плетена чанта во тркалезна форма и сламен шешир.
Вие одберете го вашето омилено фустанче на прерамки и искомбинирајте го со летни модни додатоци.
Ви посакуваме убав ден.