Сабота во жолт фустан
•
5 август 2017
Оваа сончева сабота одберете комбинација која го одразува духот на летото - а има ли посоодветна боја за таков аутфит од сончевата, жолта?
Ви препорачуваме фустанче во едноставен крој, без ракави, во нијанса на жолта боја.
Комбинирајте го со сандали на врзување, со испреплетени тенки ленти во црна варијанта.
Комбинацијата заокружете ја со сламен шешир со натпис.
Имајте убав викенд!