По примерот на Хајди Клум: Сончева жолта е боја на сезоната

20 април 2021

Приказната со сончевата жолта и пролетнава сезона започна уште кога беше прогласена за боја на сезоната на почетокот на годинава. Тогаш беше вметната во идеите за внатрешно уредување, па ја вметнавме во деталите како што е чантата, но сега исгледа дека го презема целокупниот изглед. И со потполно право!

Хајди Клум во креација на Зимерман

Деновиве во сончево жолт фустан со цветен принт, бриџертон деколте и балон-ракави се прошета и топ моделот Хајди Клум, па само стави печат на недоумиците: Сончевата жолта е и модна боја на сезоната. 

Блумарин, Ерме, Емилија Викстед се само дел од дизајнерите кои ја вметнаа во своите пролетни колекции.

Каква е таа сончева жолта и како да ја носите? Замислете ја како жолта, измешана со млеко - нежна, а не пастелна. Сончева, пролетно-летна и комбинирана со се'. 

Цветниот фустан е секогаш добра опција. Вметнете ја во изгледот преку здолниште, мантил, топ. 

Може да е од органза или жоржет, да е мантил од латекс или кожно здолниште. 

Играјте со боите додека ја комбинирајте. Ставете ја заедно со виолетова, со розова, со зелена. 

Внесете сонце во гардероберот!

Објавено:
20 април 2021
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.007 пати