Четврток во принт
•
1 септември 2016
За сите што уште уживаат во летното сонце и не се ограничени со деловниот дрес-код, ви предлагаме една вистинска разиграна летна комбинација.
Ние одбравме тоа да биде бело фустанче со кратки ракави и тегет принт. Го комбинираме со бел шешир, задолжителен моден додаток во текот на жешките сончеви денови. Чантата и сандалите одлучивме да бидат во беж нијанса, но можете да одберете и бели или тегет, или некои со принт во тие бои.
Ако сте од посмелите, тогаш модните додатоци можат да бидат во некоја поинтензивна боја, како виолетовата на пример.
За што и да се одлучите, најважно е да се чувствувате убаво.
Ви посакуваме убав ден!