Висока мода: Жан Пол Готје есен 2013
•
4 јули 2013
Жената како предатор е основната тематика која ја води новата колекција на Жан Пол Готје претставена на Неделата на висока мода во Париз. Животинските принтови од големите диви мачки доминираат речиси кај секое парче: од крзнените шалови до дезенираните хулахопки. Издадените џебови и нагласените меки волуменозни ракави изработени од сунѓерести материјали и даваат специфична нота на колекцијата, но комплетната слика која ја создаваат е далеку од најсветлите моменети на Готје. Некогаш возбудуваше помислата на фасцинантните изненадувања од Готје, но дали таа импресивност останува само за “некогаш”?