Запознајте се со Бимба и Лола

24 јули 2013

Уште еден шпански моден бренд, Bimba&Lola, кој ги воодушевува клиентите презентирајќи парчиња што секоја млада девојка ги посакува во својот гардеробер. Креациите за сезоната лето 2013 го следат зацртаниот стил на брендот – смели и колоритни комбинации за независни жени со космополитски дух, жени што се креативни, самоуверени и сакаат да мешаат различни шари, бои и модни детали. Погледнете ги фотографиите од овосезонската рекламна кампања и лукбукот за летната колекција.

 

 

Објавено:
24 јули 2013
Категорија: 
Колекции