Животот е полн боја: Новата колекција на Индиецот Manish Arora нѐ носи во друга димензија!

8 октомври 2014

Ако мислевте дека зборот племенски го нема во епитетите што ги употребивме за да ги опишеме колекциите на париската модна недела, се излажавте!

Ние само го чекавме вистинскиот момент да се појави токму една ваква колекција како на „лудите“ Manish Arora за да му отстапиме простор на истиот.

Брендот ја прикажа својата есен/зима 2014 – 2015 колекција која е неверојатно олицетворение на племенската палета на бои со неверојатни раскошни колоритни принтови и форми какви што не сме виделе досега.

Инспирацијата на индискиот супер кул дизајнер Manish Arora доаѓа од Candy Crush Saga, особено во палетата на бои која што и овој пат е совршено колоритна со милион комбинации од јаки и интензивни бои.

Дел од одличната колекција беа софистицирани и урбани панталони, колоритни маички, интересни широки здолништа во А – крој, потоа палта со принт и неверојатни обувки.

Боите како портокалова, розова, зелена и виолетова се само неколку од огромниот избор што дизајнерот овој пат реши да ги комбинира во најимпресивните колоритни парчиња досега.

Ниту една колекција не е комплетна без модни додатоци и накит, па така, како и сѐ останато, во неговата колекција и тие беа супер колоритни.

Во истата, претежно можевме да видиме плетени капи во неколку бои со интересни додатоци одозгора, но и тренди мали чантички во пруги комбинирани од неколку бои. Во неколку наврати можевме да видиме и фасцинантни „бабушка“ марами и големи и богати обетки во стилот на Долче и Габана.

Доколку сте фан на Candy Crush Saga и колоритните комбинации, тогаш ова е вистинската колекција за вас!

Објавено:
8 октомври 2014
Категорија: 
Колекции