Зухаир Мурад има нова колекција која ни ја враќа желбата за гламур

18 февруари 2021

Либанскиот дизајнер имаше навистина тешка година зад себе. Не само што пандемијата предизвика промени во работењето, туку од екплозијата во Бејрут беше до земја срамнато неговото ателје.

Сепак, и покрај болните мигови, успеа да се издигне и да ја почести публиката со нова колкција - perfall 21.

Инспириран од балерините, поточно руските балерини, тој понуди креации во кои ја имплементира нивната естетика - фризурите, обувките кои се врзуваат како балетанки, тулот како материјал, амбиентот во кој се фотографирани моделите.

Но, од друга страна, не отстапува од естетиката по која е препознатлив - елегантни и луксузни фустани. За разлика од некои други колекции каде доминираа тешките и светкави тантели, овој пат тантелата е суптилна и нежна, си игра со тулот и цветниот принт, но и острите и јасно дефинирани линии во комбинација со оние што подразбираат спротивно движење.

И нема ништо посебно револуционерно во неговите нови креации, во однос на она што претходно го презентирал, но сепак ви го привлекува вниманието и ви ја враќа желбата за гламур и за дотерување.

Нежна, а сепак со достоинствено држење и елеганција - како што впрочем и изгледаат балерините -  ете така изгледа и жената низ призмата на Мурад во оваа колекција.

Погледнете:

Објавено:
18 февруари 2021
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
1.170 пати