На што треба да внимавате кога ќе наполните 40 години

22 ноември 2016

Кога жената ќе ја премине 40-та година некои одредени стилови треба да ги препушти на помладите генерации и да почне да одбира парчиња кои подобро ќе одговараат. Секако дека со  оваа бројка на години вашиот стил не замира туку напротив само се насочувате поинаку, се прилагодувате кон тоа како да истакнете на површина она што најдобро го имате во себе со оглед на искуството, а од друга страна мудро да го прикриете она на што не сте особено горди.

Секако тука се и некои грешки кои треба да ги заобиколите, онака оддалеку.


Неколку совети кои ќе ви помогнат кога станува збор за вашето облекување:

Прилагодете ја вашата облека според градбата на телото

Оние кроеви кои не одговаараат на вашиот тип на градба, не може да очекувате дека ќе стојат перфектно. Бирајте парчиња кои ќе ги нагласат вашите атрибути и пред сè ќе бидат прилагодени на конституцијата на вашето тело. 


Вистинска должина на здолниште

Здолништето не треба да биде ниту премногу кратко ниту премногу долго. Во прекратко ризикувате да изгледате смешно, а во предолго да бидете многу постари отколку што навистина сте. Идеалната должина е малку над или под колената.


Чевли

Никогаш немојте да носите чевли кои не ви се удобни и високи потпетици кои ви се неподносливи. Одберете висина која нема да ви пречи, нема да ве оптерети. Не се откажувајте од црвени потпетици, покрај задолжителните црни.

Идеална боја на фармерки

Колку и да сте задоволни со вашата линија, во овие години наjсоодветни се фармерки темен тексас со крој што ќе одоговата на вашата конституција и висина.

Накит таман онолку колку треба

Никако не треба да претерувате со многу накит и со блескави украси. Доволна ви е една голема алка или убаво ланче, суптилно со некој мал забележителен привезок. Големите обетки ќе ги заборавите и секако дискретен прстен. Не претерувајте со китење.

Додадете боја

Тоа што минуваат годините не значи дека во вашиот гардеробер треба да се всели монотонија. Едноличната облека секогаш ќе ве прави постари, затоа одберете повесели нијанси Зелена, жолта, боја на кајсија соодветно комбинирана во комплетниот изглед.


Внимавајте на вашиот градник

За да изгледа вашиот горен дел убаво не смеете да носите било каков градник. Со оглед на фактот дека со тек на време градите се опуштаат и ја менуваат формата вие мора да си купите совршен градник кој ќе ви биде и удобен и нема да ви го пресекува задниот дел.
Доплонително, немојте да покажувате премногу. Држете до себе и до вашата личност. 


За крај, не заборавајте кои сте. Она што никој не може да ви го одземе е вашето искуство кое е ваше оружје и секако насмевката која говори.

Бејбимама

Објавено:
22 ноември 2016
Категорија: 
Мода
Прочитано:
13.634 пати