Немојте да бидете жртва на модата
Немојте по секоја цена да ги пратите модните трендови. Сепак треба да изберете модни парчиња кои ќе се вклопуваат во вашиот имиџ бидејќи секому истите парчиња не му стојат на ист начин.
Комфорот е важен фактор
Во совршениот свет можеби најдобро би било да се шетаме насекаде по ноќница или пак во тренерки, но сепак тие не се наменети за средби надвор од домот. Сепак тоа не значи дека треба да се откажете од удобноста бидејќи многу полошо би било цела вечер да ја поминете во тесен фустан во кој не можете да дишете или е прекраток, па ќе се мислите дали ви се гледаат одделни делови од телото.
Бидете позитивни
Сите ние имаме денови кога самодовербата ни е на ниско ниво. Во такви моменти најдобро би било кога ќе застанете пред огледало вниманието да не го насочувате на недостатоците, туку да ги истакнете адутите.
Носете ја облеката која одлично ви прилега
Кога купувате облека изберете ја онаа која ќе ја истакне вашата фигура. Треба да знаете дали повеќе ви прилегаат тесни фармерки или пак оние кои се малку широки во пределот на ногавицата. Исто така, доколку имате тесен струк, набавете ремени кои ќе го истакнат овој адут.
Изберете облека според пригодата
Доколку идете на прв состанок најдобро би било да одберете комбинација која веќе сте ја испробале и во која се чувствувате комфорно, а доколку одите на некој бизнис состанок,најдобро би било елеганцијата да ви биде во прв план.
Бидете храбри
Понекогаш е потребна храброст за на себе да ги ставите оние модни додатоци за кои мислите дека нема да ви одговараат. Сепак доколку сакате да бидете оригинални, тогаш ова е вистински тест за вас кој ќе покаже на кое ниво е вашата самодоверба.
Насмевнете се
Важно е да запаметите дека на крајот најважно е тоа што вие го сакате и тоа што вас ве прави среќни. Доколку аутфитот го закитите со прекрасна насмевка никој нема да остане имун на вашиот изглед.