како изгледа еден ден на модните дизајнери

24 часа со Долче и Габана

5 август 2015

Долче и Габана станаа едни од омилените модни дизајнери на денешната генерација. Нивните колекции инспирирани од семејството, што секогаш содржат приказна и мноштво украси, се предмет на обожување на голем број жени и девојки ширум светот. Ако сте нивен обожавател, веројатно сте се запрашале како изгледа обичен ден во нивните животи.

Во продолжение ви го презентираме токму тоа – дневниот распоред на модната двојка Долче и Габана.

7.00  - Стефано: Првото нешто што го правам кога ќе станам е испивање на шолја чај, шолја кафе и витамини, а потоа ги проверувам моите кучиња. Имам три кучиња, Роса, Тото и Мимо, сите се Лабрадори.

Доменико: Се будам околу седум часот наутро и сум човек од навики. Не носам пижами, но облекувам наметка пред да се облечам официјално.

7.30- Стефано: Читам весник, најчесто Corriere della Sera и тоа на брзинка, бидејќи после тоа сум во теретана. Вежбам околу 45 минути. Најчесто трчам или правам вежби како Крос Фит, три пати неделно, а после вежбањето одам на масажа. Кога ќе се вратам дома, се туширам, никогаш не полнам када. Користам сапун и шампон од аптека, бидејќи имам многу чувствителна кожа. Секој ден носам речиси ист тип на облека. Имам еден до два типа  кошули, маици или џемпери од кашмир. Имам можеби 25 џемпера. Моите панталони се најчесто со една или две фалти, или од џинс. Понекогаш носам и елече, а златниот Долче и Габана часовник ми е задолжителен моден додаток. Откако ќе се облечам, појадувам заедно со моите кучиња. Најчесто појадувам кајгана со шунка или овошје.

Стефано Габана на џогинг

Доменико: Јас имам 57 блејзери и 30 чифта патики, сите Долче. После некое време ги складирам во мојата приватна архива и си купувам нови. Мојата утринска рутина е мошне едноставна – појадувам во мојот дом и читам весник. Потоа се туширам, се облекувам, ставам парфем и подготвен сум да одам!

9.30 – Стефано: Ја подготвувам мојата кожена чанта, која личи на плик и заминувам во канцеларија. Секогаш со мене ги носам двата ајфона и неколку таблети – најчесто против главоболка и некои витамини. Во зима сакам да пешачам до работа, ако врне, тогаш влегувам во автомобил, а во лето понекогаш одам и со скутер.

Доменико: Јас не ги сакам машките чанти. Сè ставам во џебовите од јакните. Постојано одам пешки до работа.

9.45 – Стефано: Првата работа што ја правам кога ќе пристигнам на работа е да ги поздравам моите кучиња и им дадам бисквити, на секое по едно. Батлерот ги носи во парк и ги држи надвор додека работам, така што ме чекаат да завршам. Најмалото, Мимо има околу две години и има свој Инстаграм профил. Кога цртам понекогаш слушам италијанска музика, поп или опера.  Доменико знае да слуша и рок, но не сум љубител на тој жанр, па го молам да не го пушта цел ден.

Доменико: Јас сум љубител на поп-рок музиката и можам да ја слушам цел ден. Сакам да ги знам новите хитови. Мислам дека тоа е важно за она што ние го правиме. Нема потреба да потенцирам дека Мадона ми е омилен изведувач на сите времиња. Но ги сакам и Кајли Миног, Бијонсе, Бруно Марс и Џастин Бибер. Слушам и италијанска поп музика, на пример, Тицијано Феро.

13.00 – Стефано: Имаме пауза за ручек од 13 до 14 часот. Некогаш одиме надвор да се видиме со некој пријател, некогаш остануваме во канцеларија и имаме оброк во просторијата за ручек. Најчесто јадам нешто лесно, како риба или месо со зеленчук. Потоа пијам кафе. Пијам три до четири кафиња дневно, два чаја од ѓумбир и пушам цигари, иако се трудам тоа да биде минимално.

Доменико: Начинот на ручек ми е ист како на Стефано, но јас пијам многу кафе. Дневно пијам и до дванаесет кафиња, најчесто типично италијанско еспресо. Италијанците сакаат кафе.

Доменико Долче

14.00 – Стефано и Доменико:  Постојат денови кога немаме никакви состаноци, затоа што со асистентите работиме на дизајните. Понекогаш имаме по пет, шест или седум. Кој од нас изгледа подобро со Долче круните на глава, не ви кажуваме.

18.00 – Стефано: Се трудиме да не заминуваме подоцна од 19 часот, освен кога е во тек некоја од модните недели. Понекогаш одам дома да се истуширам и да изиграм една партија Монопол на мојот ајпад или да изгледам некој филм. Мојот омилен е „Мулен Руж“.

21.30 – Стефано: Еднаш во неделата, тоа е најчесто понеделник, имам вечера со мајка ми и татко ми. Три пати неделно одам да се видам со пријателите на вечера или пијалок. После водата, мојот омилен пијалак е вотката. Сакам да јадам пица и шпагети и голем љубител сум на благи работи. Сакам чизкејк и бисквити. Кога е лето, уживам да сум надвор. Во петоците и саботите сакам да излезам и навечер, да одам во различни клубови. За оние што не знаат, собирам садови и ангели. Имам 27 ангели насекаде низ куќата. Бидејќи расположението ми зависи од времето, омилен канал ми е оној со временски прогнози.

 Доменико: Среќни сме што Италија ја има една од највкусните кујни во светот. Кога имам време, секоја вечер готвам.  Најчесто сакам тоа да биде паста, месо, риба, домати и еден специјален сицилијански рецепт. Со моето големо семејство се гледам најчесто во недела на ручек. Инаку, кога излегувам, најчесто пијам розово мартини, а сакам и црвено вино. Не можам да одолеам на благи работи, иако не ми се препорачлви. Исто така, секогаш кога можам одам на шопинг. Ги сакам продавниците за модерен мебел. Сè што имам во мојата куќа е еволуција. Сакам уметност, конкретно слики. И имам многу. Исто така сум колекционер на мебел. За оние што не знаат имам една мачка, Томи и куче Едера, кои обожаваат да јадат јаткасти плодови.

Објавено:
5 август 2015
Категорија: 
Стории
Прочитано:
1.517 пати
Извор: 
Harper's Bazaar