Ја нарекуваат моден феномен, моден ексцентрик, уникат! Дафне Гинис е една од најнеобичните личности на светот, но во исто време и една од најомилените во модната индустрија.
Валентино, Лагерфелд, Том Форд, Александар Меквин, се дел од дизајнерите кои ја најдоа инспирацијата во неа, а беше муза и на фотографот Стивен Клајн.
Ова се само дел од причините поради кои оваа наследничка на семејството Гинис е интересна. А во продолжение прочитајте како изгледа едно нејзино секојдневие:
7 часот – Се трудам да се разбудам сама, ако сум имала добар ноќен сон. Но, кога работам сум ноќна птица. Ако сум работела до доцна навечер и притоа не сум се разбудила сама до 10 часот, доаѓа мојата куќна помошничка да ме разбуди, така што ми тропа на вратата. Не сум обожавател на алармите.
7.30 часот – Пијам шоља англиски чај со млеко и две коцки шеќер, која ме враќа во живот. Понекогаш заборавам да појадувам, но ако сум гладна земам или колач или тост со мармит (сос за сендвичи од квасец и зеленчук). Ниеден ден не е ист, но најчесто ги разгледувам весниците додека појадувам, или додека сум во автомобил или на лет, ако одам на некој состанок. Сакам да го читам весникот International Herald Tribune и Financial Times. Во Лондон, Sunday весникот е одличен со сите нивни додатоци. Исто така, го читам и Huffington Post.
8.00 часот – Се трудам да поминам некое време со мојот тренер по трчање, но сакам и да пливам, па гледам на таков начин да спортувам.
8.30 часот – Ова е времето кога имам ја полнам кадата со жешка вода. Никогаш не се туширам. Ништо не ја обновува мојата кожа како малку маслиново масло во водата. Додека сум во када, пеам или сушам музика. Моите омилени музичари се Боб Дилан и Дејвид Боуви. Сакам и шминка. Најчесто ги користам на Том Форд, M.A.C. и NARS. Си ставам слој на мирисни масла, тоа е најчесто микс на различни комбинации кои ги преферирам. Парфемот кој го лансирав пред неколку години е базиран на тој микс. Но, не сакам секогаш да мирисам исто, па така секој ден правам баланс, една нота да биде послаба или посилна од следната. А приказната за мојата коса всушност е многу здодевна. Белите прамени се случија спонтано, за што е виновен еден мој пријател, инаку фризер и така остана. Најчесто се средувам сама . Кога патувам, имам скриено количество на пероксид за итни случаи. Ако самата си ја правам фризурата, тоа трае пет минути – но нема никогаш да успеам без еден спреј од L’Oreal. Ако се подготвувам за некој настан, тогаш посветувам повеќе внимание.
9.00 часот – Излегувам од бањата и одлучувам што ќе облечам, а во меѓувреме слушам музика. За тоа ми треба многу помалку време отколку што сите мислат. Ја бирам облеката интуитивно, во зависност од тоа како сум расположена. Сметам дека многу е важно тоа да го сфатите премногу сериозно. Со облеката знам многу да експериментирам. Ако се двоумам, тогаш носам Шанел костим или сив фустан до колена од Александар Меквин. Александар ми направи еден, многу ми се допадна и си нарачав неколку од тој модел. Кројот е одличен, ја истакнува силуетата на најдобар можен начин. Чевлите најчесто ми се од Наташа Маро или Норитака Татехана. Понекогаш ставам турбан или вел, сакам накит, особено брошеви. Знам да се прекорам самата кога ќе скршам нешто, особено ако е стакло или нокт. А тоа се случува речиси секојдневно.
9.30 часот – Кога излегувам, секогаш носам чанта, ајпод и слушалки. Кога сум во фаза на одвикнување од цигари, не излегувам и без (анти)никотинска мастика за џвакање... Кој знае колку многу ги џвакам, можеби и по десет дневно. Со мене имам и бележник и пенкало. Моето омилено превозно средство е возот. Ништо не може да го надмине. Интересно, но поседувам и еден автомобил, стар војнички џип, кој не е веќе за употреба. Се возам и со такси, а единствено јас седнувам зад воланот во Лос Анџелес, кога најмувам Порше. Нема ништо на светот како ветерот во коса и сонцето на Калифорнија на кожата.
10 часот – Најчесто, одам да го видам мојот тим во Лондон, за да видиме до каде сме со проектите што ги имаме. Се занимавам и со фондацијата Isabella Blow, што ја основав во нејзина чест, а која ги покрива стипендиите за студентите по моден дизајн. Исто така, снимам музика, тоа е некоја моја нова опсесија...
10.30 часот – Го читам првиот и-мејл во денот, ако не заборавам. Не сум многу добра во проверувањето на електронската пошта, токму затоа и ми изгледа дека примам премногу многу мејлови. Би сакала да можевме сите да се вратиме во времето на факсот. Сакам опипливи нешта. Подобра сум со телефонските повици. Имам три мобилни телефони (Blackberries, еден британски, другиот американски) и еден ајфон. Реткост е кога нема да ги „смешам“. На пријателите сама да им пишувам колку што е можно почесто и на моите Твитер пријатели се трудам да им одговорам секој ден во континуитет.
12 часот – Мојата асистентка за облека, Тереза е секогаш до мене кога патувам. Ако имам сликање или снимање, најчесто пијам еден или два енергетска пијалака. Ги преферирам оние без шеќер. Секој ден е различен, па некогаш можам да имам и по четири-пет состаноци, но некогаш ниеден.
18 часот - Навистина не го сакам зборот „ексцентричност“, но мојот асистент мислите дека е забавно кога ќе си ја ставам кредитната картичка во зовриена вода или фрижидер. Тоа го правам кога ќе потрошам премногу. Кога сум во Њујорк обврзно влегувам во Barneys. Имам многу парчиња и од Рик Овенс, неговите кожени палта и јакни се најдобри.
19.00 – Не правам распореди, особено кога се работи за храна. Јадам многу суши. Најчесто јадам дома. Од британската кујна ми се допаѓа печено пилешко и супите, како и пудингот од ориз за десерт. Сакам многу пуканки, а од пијалаците, омилена ми е текилата.
20 часот – Не излегувам често, но излегувањето со моите деца е секогаш забавно и просветлувачко.
23.30 часот – Кога ќе си дојдам дома, се обидувам да ги одгатнам Pro Tools на мојот компјутер или нарачувам нешто од Амазон. Но, имам проблем со тоа. А и Net-a-porter ме убива. Одам таму доцна во ноќта. За да се релаксирам, слушам музика, медитирам, повремено одам на масажи. Не можам да живеам без музика, парфеми и книги. Читам секогаш кога имам можност за тоа. Омилена книга ми е „Ана Каренина“ и никогаш не се изморувам од Набоков. Сакам да читам и магазини како The New Yorker, Harper’s Bazaar, Vogue... Омилен филм ми е 2001: A Space Odyssey, а сакам да ги гледам и Game of Thrones. Собирам книги, уметнички дела, накит, стара музичка опрема и препрарирани пеперутки. Имам цел ѕид со нив. Немам домашни миленичиња. Чував мала змија во Мексико кога бев таму на неколку месеци пред години, но оттогаш ништо.
00.00 часот – Времето на легнување ми зависи од денот. Ако работа, знам да останам будна до раните утрински часови и да си легнам дури во 5 часот наутро. Но, ако не работа, си легнувам околу полноќ. Во мојата спална соба нема големи изненадувања – имам слики на еден ѕид и перници во кревет. Ги сакам белите постелнини, без дезени. Заспивам на старомоден начин – легнувам и ги затворам очите.