75 години од постоењето на бикини костимот за капење

6 јули 2021

Дводелниот костим за капење се прв пат се појавил во 1946 година и тогаш е рекламиран под името „Бикини Атол", најмалиот костим за капење во светот. Костимот во дава дела го креирал францускот инженер Луи Реар, а филмската индустрија посебно е заслужна за негова промоција.

Уште од појавувањето бикинито се доживува како скандалозно и мошне секси, токму како и Мерилин Монро, една од првите познати личности кои одлучи да го носи. Пред да ја почне актерската кариера, Мерилин Монро заработувала како модел за пин-ап фотографии, а бикинито доаѓа како совршено парче облека за нив.

Инаку, Втората светска војна само што завршува, а Студената започнува. Во атолот Бикини во Тихиот Океан се направени првите американски нуклеарни тестови, а токму оттаму ќе дојде инспирацијата за името „бикини“. Новиот костим за капење го рекламира со игра на зборови -  „Бикини - премиера на анатомска бомба“.

Првиот модел подразбира четири мали триаголници поврзани со тенки врвки - не постоело друго модно парче со помалку материјал.

Мишелин

На 5 јули во 1946 година, стриптизетата Мишелин Бернардини ќе го презентира првиот бикини костим за капење, реклама снимена на базен. Зошто токму таа? Затоа што воопшто не му било лесно на Роар да најде девојка која ќе ги презентира. Светот бил шокиран од голотијата, а секако дека Ватикан ги прогласил за грешни и строго го забранил нивното носење.

Интересно е  што Луи Реар како машински инженер созда култно модно парче чија популарност не се намалува.

Но, со текот на време, димензиите на костимите за капење, вклучително и бикините, се намалувале.

 

Пет години подоцна во Лондон се одржува првиот избор за Мис на светот, а 27-те одбрани девојки носат токму бикини костими за капење.

Оттогаш почнува да се зголемува неговата популарност. Но, ако зборуваме за најголем „пробив" на модната сцена, тогаш тоа започнува уште пет години подоцна, во 1956 година и актерката Брижит Бардо, која во филмот „И Бог ја создал жената" носи токму бикини.

Кон почетокот на 1960 стануваат веќе широко прифатени. Оваа декада е посебно револуционерна за женската сексуалност од повеќе аспекти. Во тоа помага и филмот.

Ако зборуваме за историски момент на филмското платно, после Брижит Бардо, тогаш тоа несомнено е филмот „Доктор Но“ во 1962. Сите ја знаеме сцената кога Урсула Андрес се појавува во Бикини со ремен. Истиот модел 40 години подоцна е рекреиран на некој начин, во остварувањето „Умри некој ден“ со Хали Бери и Пирс Броснан.

Секако во Бразил се случува „револуцијата“ на бикини модели со танга, кои ќе бидат прифатени дури после 1970. 

„Бикини" инаку значи „земја на кокосови ореви", a минатата година по повод 5 јули, светскиот ден на бикини костимот за капење, беше отворен музеј во германската покраина Макленбург Предна Померанија.

Во овој „BikiniArtMuseum" се изложени преку 1200 изложбени предмети кои сведочат на историјата и менувањето на трендовите на овој модел. Интересно е што на отворањето на музејот, една од манекенките носи и оригинален модел од Луи Реар од 1953 година.

Објавено:
6 јули 2021
Категорија: 
Стории
Прочитано:
305 пати