Докторот по име Тони Адкинс за кратко стана вирална сензација откако објави видео во кое им го разубавува денот на малите пациенти со забавен танц на познати нумери.
Тој ќе каже дека играњето дошло спонтано откако решил дека на било кој начин ќе расположи еден негов пациент кој штотуку се вратил од операционата сала.
Оттогаш, тој секојдневно им го разубавува престојот на малите пациенти во болницата во Калифорнија во која работи како асистент хирург.
Адкинс ќе каже дека смеењето е најдобар лек па токму затоа сака неговите мали пациенти да бидат расположени и да се забавуваат секој ден, а судејќи според видеата што ги објавува на неговата Фејсбук страница, во тоа и успева.
„Танцувањето со пациентите е многу важно бидејќи ќе донесе барем малку радост во болничките искуства на малите дечиња“, вели 42 годишниот Тони.
На овој начин, тој ќе каже дека сака барем малку да ги заштити децата од болката и да им овозможи да уживаат во магијата на детството.
„Истражувањата покажуваат дека смеата и забавата имаат поголемо дејство од некои јаки лекови за болка. Децата не мораат да го стават детството на пауза ако мора да престојуваат во нашата болница“, додава поранешниот војник.
Претпоставувате дека тој е омилен меѓу пациентите, па многумина го бараат токму него кога ќе пристигнат во болницата.
„Нема ништо подобро од тоа кога ќе видам насмевка на лицата на моите мали пациенти, па токму поради тоа ќе продолжам да танцувам за нив и тоа ќе стане многу важен дел од нивното лекување. Ништо не е поважно од здравјето на децата, а јас сум среќен што имам улога во тоа“, вели шармантниот доктор.
Инфо: Daily Mail
Фото: Toni Adkins Page/Facebook