Докторка пресоздава женски историски фустани и фантастични се

21 април 2021

Кристин На-Еун Милар е анестезиолог по професија, мајка, сопруга, но и гејмер и страствен обожавател на историски костими.

Таа своја љубов ја негува така што пресоздава неверојатно креации, а најинспиративни ѝ се оние од 1700-тите.

„Работам како доктор во болница, но после сè што гледам и со што се справувам таму, ми треба нешто што ќе ги оттргне моите мисли, нешто што ќе ми помогне да ја насочам мојата креативност и енергија. Открив дека од сите работи, шиењето најмногу ме релаксира. Има нешто во таа работа со иглите и спојувањето на парчињата, внимателно и бавно, што навистина ми помага да се ослободат од стресот што го имам на работа“, вели таа за сајтот „Борд панда“.

Таа додава дека колку ужива во шиењето, толку везењето не ѝ е омилено, па таквите изработки ги прави на машина и тоа дигитална. Инаку, научила да шие на курсеви, локални часови и приватни часови. 

„За куклите шиев облека уште од дете, но тоа што можам да изработам историски костими за себе е многу поголемо задоволство, а за да стасам до тука, читав многу книги, гледав видеа, читав блогови и се запишав на „Costume College“- годишна конвенција каде учесниците си помагаат едни на други околу учењето и шиењето“, открива Кристин.

Таа додава дека за фустаните кои ги изработува потребни ѝ се од 80 до 450 часа, па и повеќе од фустан, зависи од комплексноста.

Има голем број фустани, кои одлучила дека ќе ги чува. Ги пакува во кутии, со сите специфични модни додатоци. 

„Ги носев на локални настани, балови во Европа, за фото-сесии, и се надевам, еден ден кога Ковид ќе биде под контрола, ќе можам повеќе да ги пласирам. Некои од постарите костими ги продадов, бидејќи веќе не можев да ги носам, а некои и ги донирав во локалниот клуб на љубители на шиењето и костимите, за да можат почетниците кои немаат комплетен изглед да имаат што да носат“.

Во продолжение погледнете уште неколку од нејзините креации, навистина се фантастични:

 

Објавено:
21 април 2021
Категорија: 
Стории
Прочитано:
314 пати
Извор: 
boredpanda.com