ФОТО: Разлика помеѓу вистинска и копија на „Гучи“ чанта

31 март 2021

Не е тајна дека пазарот на fake производи популарни во модната индустрија цвета. Неможноста секој да си го дозволи оригиналот, а желбата да се биде во тренд прават многумина да посегнат по копии.

Меѓутоа, колку и да се умешно направени, копиите сепак се разликуваат, а овој пат наидовме на фотографии кои покажуваат како изгледа вистинска и лажна верзија на култната Gucci Marmont Bag.

Блогот „Brands Blogger“ е посветен токму на разоткривање на вакви модни дилеми. Меѓу омилените модели за коментирање и споредба се „Шанел“ чантите, но со оглед на тоа дека на „Гучи“ е еден од брендовите кои можат да се пофалат со посолидна продажба, ѕирнавме да видиме дали навистина разликата е воочлива и од она што го видовме - навистина е!

Од начинот на кој се споени бувките од логото, преку штепувањето на чантата, па преку синџирите и внатрешниот изглед кој драстично се разликува...

Погледнете ги фотографиите и уверете се и самите:

 

 

Објавено:
31 март 2021
Категорија: 
Стории
Прочитано:
1.473 пати