Гучи ја претстави новата есенска кампања

2 јули 2014

Наташа Поли, Ракел Цимерман, Ања Рубик и Суви Копонен се четирите модели кои ја презентираат новата кампања на брендот Гучи за есен-зима 2015.

Оваа кампања е една меѓу последните за следната сезона, а од фотографиите може да се забележи дека девојките се облечени во комбинации од 1960-тите години. Дел од причините поради кои Гучи вака доцна ја лансира кампањата е поради неможноста да се усогласи композицијата со учесничките. Откако конечно се направил изборот за тоа кој ќе се најде во најновите модели на брендот, во продолжение следат фотографиите кои ја најавуваат колекцијата за следната сезона.

Како ви се допаѓаат?

Објавено:
2 јули 2014
Категорија: 
Актуел