Моделите се познати по тоа што го тетовираат телото со различни тетоважи. Па токму поради тоа, решивме малку да истражуваме и да дознаеме која се има истетовирано, што и на кој дел од телото. Кејт Мос, Еби Ли Кершоу, Ања Рубик, Дарија Вербови, Кетрин Мек Нил, Бамби Нортвуд, Ана Константинова, Ерин Васон, Фреја Беха Ериксен, Лили Кол, Лили Доналдсон и Суви Копонен своето тело го украсија со децентни тетоважи кои за нив имаат посебно значење.
Еби Ли Кершоу има мал був на прстот, Ања Рубик на раката има истетовирано глушец во спомен на своето домашно милениче, Фреја има впечатлива тетоважа на вратот, а Кејт Мос има истетовирано сидро на подлактицата и птици на долниот дел од грбот, а доколку ве интересира какви тетоважи имаат другите модели, погледнете во галеријата.