Историјата на Фурла започнува во Италија во 1927 година, во универзитетскиот град Болоња. Протагонистите во приказната се Алдо и Маргерита Фурлането кои си поставија предизвик да создадат компанија која ќе произведува производи изработени првенствено од кожа . Нивната упорност на крај резултираше со создавање на светски познат моден бренд чиј заштитен знак е изработката на модели на чанти кои со согурност се едни од најпосакуваните.
Алдо и Маргерита почнаа со градење на нивната империја во повоениот период, сакајќи да им обезбедат на жените моден додаток кои тие ќе го обожаваат и ќе го дефинира нивниот стил. Во 1955 година Алдо ја отвори првата продавница во срцето на Болоња.
Во доцните 70-ти, кога диригентската палка беше во рацете на нивните деца Џована, Карло и Паоло Фурлането, беше лансирана првата линија на чанти кои го имаа логото Фурла на нивниот дизајн. Побарувачката на нови модели чанти, нивно лансирање во колекции растеше, а со нив растеше и престижот на самата компанија. Кулминативниот момент овој моден бренд го доживува кон крајот на 80-тите години, додека Џована се грижи за стилскиот и естетскиот изглед на иновативните дизајни, Карло и Паоло беа дел од тимот кои готват стратегии кои ќе го направат овој бренд водечки во модната индустрија на светско ниво.
По Болоња, Рим и Париз, и Њујорк беше освоен со продавница на авенијата Медисон. Успешниот бизнис план вроди со плод. Денес дистрибутивната мрежа опфаќа 63 страски пазари од Европа до Азија и САД, со 5 подружници, 319 брендирани продавници на Фурла чантите, позиционирани во најважните меѓународни трговски улици и со уште 1290 продажни места низ продавници и стоковни куќи ширум светот. Кон крајот на 2008 година оваа компанија потврдува дека водечки во продажбата на Фурла производите се продавниците во Рим, Лондон, Хонг Конг и Пекинг.
По добивањето на официјалната награда од страна на италијанските уметници на современата сцена, меѓународната дистрибуција и новите стратегии доведоа до уште поголем успех на оваа компанија. Во 2011 година Фурла забележа профит од 179 милиони евра, а според одговорните тоа е цел која се постигнува со почит кон класичниот италијански дизајн кој останува длабоко во сржта на дизајните на чантите како основна нишка во дизајнирањето на нови инвентивни модели и креации, кои гарантираат опстанок на овој моден конгломерат уште долги години.