Компанија која се уште инвестира во младите луѓе и во зачувување на италијанските вредности и традиции на занаетчиството. Од мала уличка во селцето Сан Лазаро во Болоња, во 1927 година кога за прв пат почнала да се ткае приказната за совршено изработена чанта, па се до денес Furla достигна преку 212 милиони евра во продажбата, благодарение на италијанскиот квалитет, интелигентен дизајн, способноста да се препознае вистинскиот модел во право време и тој да биде адекватен за широка маса на луѓе, низ призмата на креативен и искрен пристап. Тоа се епитетите кои ги красат производите, (чанти, паричници), креирани од овој бренд кои секогаш е во согласност со тенденциите на модниот пазар и со сопствен моден идентитет кој одговара на изминатите колекции промовирани од оваа модна куќа. Приказната за тоа како се раѓа една чанта Furla во Тоскана  ја раскажа Ералдо Полето кој е извршен директор во оваа компанија.

 

 

„Кога нештото е направено во Италија, не е доволно само фактот дека е направено во Италија, туку ние како иноватори, промотори, визионери и негувачи на традицијата мораме да се погрижиме да биде со врвна изработка и исто времено да му овозможиме подршка бидејќи се што е изработено со пасија, љубов, желба и волја, заслужува  внимание. Тоа значи дека нашите производи со етикета Furla се креираат во духот на најновите иновации, со висок квалитет и часови посветеност“, вели Полето.

 

Во своето излагање Полето не само што преку фотографии го доловува процесот на изработка на една чанта туку им упатува и една порака доколку сакаат да бидат успешни:

„Уметноста не е пречка, туку отворен прозорец кон нови истражувања и хоризонти. Верувам во младите и секогаш им оставам простор да ги изразат своите чувства во поглед на креирање нови модни платформи. Верувајте во себе и излезете од рамката, бидете свои и работете чесно, продуктивно и точно“.

 

Објавено:
29 септември 2013
Категорија: 
Модни додатоци