Импресивни креации што и денес би го покориле светот

18 јануари 2014

Кога би ги прашале модните ентузијасти, во кој приод модата ги доживува своите највозбудливи моменти, повеќемина би се сложиле дека најинтензивен е почетокот на 20-от век, кога со револуционерно и прогресивно темпо се наметнаа нови канони на женската облека. Париз секако претставувал средиште на сите модни збиднувања каде се лансираат најновите трендови, а луѓето од целиот свет доаѓале за да можат од „прва рака“ да сведочат за новите модни проекти. Во време кога хоризонтите на модната индустрија значајно се прошируваат, а стандардите на женската гардероба активно се менуваат,дизајнерските имиња доживуваат процветување на професијата од креациите што веќе почнале да ги носат харизматичните филмски диви, богатите американски наследнички како и сопругите и ќерките на моќните индустријалци.

Вечерен фустан од 1908 Вечерен фустан од 1908

 

Најпосле модата почнува да се „ослободува“, а модерната женска силуета станува многу полесна и опуштена со тоа што се појавуваат првите креации што жените можеле да ги облекуваат без помошта на своите слугинки. Наместо стегнатите корсети, жените почнале да носат богато везени фустани со опуштени кроеви од кои се истакнувале нозете, дизајнирани од Коко Шанел, Вионет, Жан Ланвин, за во 50-те Кристобал Баленсијага да ги заинтересира дамите за високата мода.

Vionnet вечерен фустан од 1922 Vionnet вечерен фустан од 1922

Едно е сигурно, рацете на врвните мајстори на висока мода покажаа и докажаа дека нивните креации влегоа во историјата, но и тоа дека се безвременски од кои срцето на сите љубители на модата чука забрзано кога ги доживува и перцепира.

Фустан од 1924 год. Фустан од 1924 год.

Ланвин од 1925 год. Ланвин од 1925 год.

Вечерен комплет од 1929 Вечерен комплет од 1929

Шанел 1930 Шанел 1930

Фустан од филмот „Lady in the Dark“ 1944 Фустан од филмот „Lady in the Dark“ 1944

Чарлс Џејмс 1951 Чарлс Џејмс 1951

Кристобал Баленсијага 1952 Кристобал Баленсијага 1952

Баленсијага 1957 Баленсијага 1957

Мадам Грес 1965 Мадам Грес 1965

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Објавено:
18 јануари 2014
Категорија: 
Стории