Интересни модни факти

3 октомври 2013

Тоа е широко подрачје во кое спаѓаат интересни, но и бизарни факти. Дали некогаш сте се запрашале кој ги измисли чевлите на платформа, што е винтиџ или пак зошто копчињата кај машките кошули се на десната, а кај женските на левата страна?

1. Под винтиџ не се подразбира секоја стара облека. За винтиџ се сметаат само оние модели кои настанале во периодот од 1920 до 1960 година. Се останато се смета за ретро.

2. Копчињата на десната страна на машките кошули имаат историско потекло. Мажите најчесто сами се облекувале и биле десничари. Од друга страна, жените во викторијанската ера често облекувале гломазни парчиња, па поради тоа им било полесно копчињата да бидат на левата страна.

3. Кон крајот на 15 век, францускиот крал Карло VIII сакал да пронајде идеално решени за неговите деформирани стапала. Бидејќи имал по шест прста на нозете, единствени чевли во кои се чувствувал удобно се оние со четвртаст врв.

4. Манжетните се појавиле кон крајот на 19 век бидејќи тогаш мажите носеле наштиркана кошули. Кошулите биле крути, па произведувачите барале поинаков начин за затварање на ракавите, а решението било – манжетни.

5. Копчињата на рабовите од ракавите не биле измислени поради функционалност, туку поради тоа што Наополеон барал од своите војници на ракавите од кошулите да зашијат копчиња со цел од нив да не го бришат носот.

6. Чевлите со висока платформа пред се биле измислени за луѓето да останат чисти и да се заштитат од нечистотија. Се појавуваат во 14 век, а во тоа време платформите биле високи и до 70 сантиметри.

Објавено:
3 октомври 2013
Категорија: 
Стории