Модата во време на ренесансата

8 август 2013

borchgrave1_0

Ренесансата е културно движење во период од 14 до 17 век. Започнува во Фиренца во доцниот среден век, од каде бргу се шири и во остатокот од Европа.

Модата претставува своевиден статусен симбол во овој период. Властите сериозно почнуваат да се занимаваат со класните разлики и начинот на облекување, па со закон одредуваат кој што ќе носи. Богатите граќани и благородниците носат скапоцени, со вез украсени свилени фустани, крзно и појаси. Обичните граѓни и селаните, не смеат да носат свила. Тие носта едноставна облека без било какви украси.

Жените, како и мажите, дневните фустани ги носеле преку ленени кошули. Тие најчесто се состојат од еден или два дела. Едноделниот фустан бил долг од раменици до стапалата. Горниот дел на фустанот се правел од цврст материјал и наликувал на машките елеци, а во средината на 15. век е заменет со корсет. Дводелниот фустан пак, се состоел од потфустан (ленена кошула и здолниште) и раскошен, главен фустан. Пуфкастиот потфустан, како што го нарекувале, не бил строго скриен, и можел да се види под главниот фустан во пределот на ракавите и околу вратот.

Ренесансен кројач - слика од Џовани Батиста Морни - Впечатлива е јакната, благо нагласените раменици, крената крагна, со пресвлечени копчиња по целата должина, а се наѕира и околувратникот Ренесансен кројач - слика од Џовани Батиста Морни - Впечатлива е јакната, благо нагласените раменици, крената крагна, со пресвлечени копчиња по целата должина, а се наѕира и околувратникот

До почетокот на 16.век, стилот останува ист, облеката добива на волумен - станува поширока и понабрана.

Во текот на годините, главните елементи на облеката остануваат исти, а се менувале само деталите, како острината на кројот, висината на крагната, полноста на материјалот, во зависност од желбата на кралевите и кралиците кои ги диктирале темпото на промените во модата.

Во текот на целиот ренесансен период, жените различно се облекувале, а најчесто варирал стилот на околувратникот. Во средината на 15. век, околувратниците биле високи и заоблени. Кон крајот на истиот век, овој стил се менува и станува модерен V израз. Околувратникот најчесто се изработувал од тантела или лен, а лентите од тантела се виткале во облик на бројот осум.

 Косата кај жените аристократки била собрана во пунџи со голем волумен, украсени со бисери, шноли или мали шапки кои додаваат висина на пунџата.
Мажите во овој период најчесто носеле слоевите облека, која се состоела од свилена кошула, елек, наметка, куси панталони и чорапи.

Свилената кошула била основно парче облека, па ја носеле најблиску до кожата. Иако кошулата била симбол на работничката класа, тешката работа и мачниот живот на селанецот, благородниците преку свилените кошули носеле елек или doublet. Преку него пак, носеле наметка, долга и широка направена од раскошни материјали, кои ги симболизирале нивната елеганција, имотност, благородничкото потекло.

Задолжителен дел биле кусите панталони до колена, под кои носеле чорапи до колена. Подоцна, мажите почнуваат да носат хелаки, а преку нив туника до колена. Туниката задолжително морала да биде богато украсена по рабовите, а преку се носело елече.

Подеднакво важни делови на машката облека биле чевлите и шапки. Во овој период машките обувки биле длабоки, шпицасти и најчесто се носеле во домот, додека кожените кломпи од дрвен ѓон ги носеле надвор. Кон крајот на 15.век, обувките стануваат заоблени и со лента која се врзува во панделка во пределот на глуждот. До крајот на ренесансниот период, челвите стануваат се потенки и полесни. Шапките исто така, придонесувале за изгледот на ренесансниот маж, дури и се казнувале доколку имаат откриена глава.

Тие најчесто биле украсени со раскошен пердув, а некогаш и со скапоцени камења.

Облеката на пониските слоеви била со едноставен крој, бои и без украси. Сиромашната жена носела и полукорсет во пределот на половината, кој се завршувал веднаш под градите. Сиромашните мажи пак, носеле пошироки панталони, врзани околу половината и околу нозете. Кошулите биле од погруби материјали, исто како и панталоните.

Објавено:
8 август 2013
Категорија: 
Стории