Италијанската мода – стилски предводник на Америка

28 јуни 2013

Во текот на 50-те и 60т-те години Американците беа под силно влијание на италијанските филмски продуценти и модни дизајнери. Италијанскиот трендсетер ја даваше насоката за тоа што Американците носеа и како изгледаа во тоа време. Американската публика едноставно уживаше во италијанските продукти и тоа дефинитивно го покажа најадекватно првата дама Џеки Кенеди која беше постојано облечена од италијански дизајнер.

Италијанскиот филм и музиката го диктираше и американскиот и европскиот животен стил посебно со убавината и елегантноста на младите италијанки и шармот и заводливоста на згодните италијани.Тоа важеше за Gina Lollobrigita, Sophia Loren и Marcello Mastroianni. Тие ја наметнаа кратката фризура, големите тркалезни обетки и мини блузичките со длабоко деколте и беа модни икони на американското тло. Модните дизајнери како Gucci, Pucci, Cassini и Simonetta важеа за силно барани стилски уметници на модните писти.

 

 

Објавено:
28 јуни 2013
Категорија: 
Стории