Додека на улиците низ Лондон можевме да видиме малку поинакви чевли, прекрасните Италијанки докажаа дека за нив сѐ уште најголемо значење имаат добрите високи потпетици.

Тоа воопшто и не е чудно, бидејќи токму од кај нив доаѓаат и најубавите колекции чевли од италијанските, инаку светски познати дизајнери.

Во моментов една од најпознатите италијански модни куќи е дефинитивно Аквазура чии чевли и во најголема мера преовладуваа на улиците низ Милано за време на модната недела.

Нивниот неодолив модел Wild Thing украсен со кожени реси дефинитивно е најбараниот за сезонава, па девојките го комбинираа буквално со сѐ, почнувајќи од здолништа во А – крој, па сѐ до boyfriend фармерки во кои повеќето се заљубени.

Огромен интерес кај блогерките предизвикаа и моделите од пролетната колекција на модната куќа Миу Миу, а станува збор за панк балетанките и лакираните црвени потпетици со различни траки од свила што се заврзуваат околу глуждовите.

Моделот чија популарност буквално не престанува е оној од модната куќа Гучи, односно удобните мокасини од мека кожа со мала украсена потпетица и шнола во предниот дел, пишува Buro 24/7.

Објавено:
1 март 2016
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
2.182 пати