Совршен микс на обувки кои ќе владеат во студената сезона

2 септември 2013

Creatures of comfort

 

Црвениот килим во Милано, Париз и Њујорк беше разгазен со  некои од најубавите модели на обувки кои ќе царуваат во сезоната која доаѓа. Направивме  сублимат на некои од најмаркантните модели кои беа забележани од фото објективите.

 

Блумарине

 

Балетанки, чизми и чевли со високи потпетици беа на менито во најразлични бои, форми, изработени од фини ткаенини и интересни материјали, како резултат на генијалноста на дел од најкреативните умови на модната сцена. Буквално сите вкусови се задоволени, а можеме да констатираме дека  во основата  ја имаат класиката и формата на една викторијанска ера, во комбинација со периодот од 50-тите се до 70-тите, надополнети со темни и чисти нијанси на бои, збогатени со оригинални детали, везови и апликации. Вистинско богатство за оние кои слепо ги следат трендовите.

 

Клое

 

Погледнете ја галеријата и воодушевувајте се на совршениот и уникатен избор на обувки за оваа сезоната што доаѓа:

 

Објавено:
2 септември 2013
Категорија: 
Модни додатоци