Тркалезни очила за сонце-мост кој спојува две епохи

13 август 2013

Прва која ги избра како моден додаток беше неприкосновената филмска и модна икона на сите времиња секси русокосата Мерилин Монро. Денес прва која смело ги одбра како свој моден додаток беше Лејди Гага. Мерилин со носењето на тркалезните очила втисна печат за постоење на една тенденција која беше вистински хит, а Лејди Гага направи мост поврзувајќи две епохи.

 

Булгари

 

 

Можеби една од најзначајните и најмаркантните фигури која се потруди да ги афирмира овој модел на очила за сонце е Џон Ленон. Тие беа симбол за 1970-тите години, стил кој осцилира помеѓу звукот на рок и хипи правците. Тркалезните очила влегоа во историјата, како еден од најуникатните и најоригиналните модели, а денес благодарение на нивната специфичност и единственост повторно царуваат во модниот свет.

 

 

Објавено:
13 август 2013
Категорија: 
Модни додатоци