Белградска модна недела: Северина и Тијана во улога на манекенки

31 март 2014

240

Во рамки на модната недела во Белград, која е во тек, се претстави и српскиот дизајнер со македонско потекло Марко Митановски. Тој ги повика Северина, Тијана и младиот пејач Маид Хечимовиќ да бидат дел од неговата ревија, но не како гости, туку како манекени, и на тој начин мошне успешно успеа да го сврти целото внимание на јавноста.

И покрај тоа што шоуто доцнеше еден час поради ненавременото доаѓање на ѕвездата, се беше заборавено откако Северина на пистата се појави во кочии кои ги влече манекен, чие тело е покриено со тетоважи. Пејачката носеше еден од најновите креациина дизајнерот, а изгледот беше дополнет со црна маска на лицето и нокти како канџи на рацете.

175

Инаку, ова не е нивната прва соработка. Митановски ги изработуваше и костимите за турнејата „Добродошао у клуб“.

Нашата евровизиска претставничка се појави исто така во црн фустан, со изразена авангардност, додека финалистот на „Х-фактор“, Маид во црна кошула, панталони и впечатлив моден додаток во главата.

344

438

Естетиката на Митановски и се допадна и на Лејди Гага, па и таа носеше негови ркеации. Во секој случај, целта на дизајнерот беше постигната, па неговата колекција беше и повеќе од забележано и успешно претставена.

Објавено:
31 март 2014
Категорија: 
Актуел