Како настанале женските чорапи?

6 октомври 2013

0601-tights-0432

Првите чорапи се изработени од животинска кожа и врзани околу зглобовите. Старите Грци носеле чорапи од животинско влакно, а Римјаните кожени и волнени чорапи. Околу 100о-тата година, чорапите биле статусен симбол меѓу аристократијата. Но, со појавувањето на машините за шиење, од 1589 година е овозможена шест пати  побрза изработка на чорапи кои дотогаш ги носеле исклучиво мажи.

Жените наскоро сфатиле дека чорапите се убави и удобни, па многу бргу стануваат дел од гардероберите и ги трасформираат во дел од интимната облека. Односно, чорапите многу бргу преминуваат во она што ние денеска го нарекуваме хулахопки а од тогаш до денес, тие се сметаат за симбол на женственоста.

carape_07

Со оглед на тоа дека женските хулахопки на машката популација делувале сескси и заводливо, некои арапски земји го забраниле нивниот увоз со закана со смртна казна. Во Европа станаа популарни со изумот на најлонот во 1938 година, кога компанијата ДуПон понуди како алтернатива на волнените и еднсотавни чорапи - свилени кои беа симбол на луксузот. По втората светска војна хулахопките станаа пристапни за речиси секоја жена и никогаш не излегоа од мода.

Високи чорапи, хулахопки, доколенки, во различни бои и дезени - станаа неизоставен дел од женските модни комбинации. Тие се впечатлив дел од женскиот секси изглед, па дури и фетиш. Високите чорапи на пример можат да ја подигнат самодовербата и да направат жената да се чувствува атрактивна.

h-4282000544

Кога се во прашање боите, најпопуларните се класичните црни хулахопки. Но, некои жени повеќе ги сакаат белте или беж, бидејќи делуваат поприродно. Вистинските љубители на овој моден додаток најчесто бираат хулахопки со дезени, принтови, украсени со ленти и екстравагантни детали.

Сепак, внимавајте на изборот. Хулахопките и чорапите се специфичен моден додаток, кој може да ја направи вашата комбинација уште подобра, но исто така и да го намали ефектот значително.

Објавено:
6 октомври 2013
Категорија: 
Стории