Тие се можеби едни од најтешките парчиња за комбинирање од нашиот плакар. Истите имаат малку поинаква должина од стандардната, па токму затоа многу често се јавува проблем при смислувањето на комбинации. Доколку ја погодите вистинската, оваа зима ќе бидете тренди кралица со шик чорапи до колена.
За оние кои сакаат да се обидат да ги носат овие чорапи и притоа да не изгледаат вулгарно, имаме неколку совети што мора да ги следите.
Она за што секако треба да бидете свесни е тоа дека овие чорапи се дозволени само за помладите девојки кои сè уште имаат можност да прават храбри комбинации.
Кога ќе ги бирате истите, секогаш внимавајте да одберете некои во неутрална боја, односно внимавајте истите да не бидат многу впечатливи бидејќи и самиот модел предизвикува внимание. Најдобро одберете чорапи во кафена, беж, сива или црна боја и погрижете се да се во иста боја со капутот за кој се одлучивте во конкретната комбинација. Од продавница, никогаш не ги бирајте чорапите со шарки или пак со „луди“ дезени што ќе привлечат дополнително внимание.
Најдобро ќе изгледате доколку ги носите со рамни чевли или пак оксвордки во боја со потпетица со средна висина. Никогаш не одлучувајте се да ги комбинирате со високи и елегантни потпетици!
Секогаш носете ги за некои лежерни поводи, а никогаш за некој свечен или класичен настан. Доколку сакате со истите да привлечете внимание, облечете ги со хулахопки во боја на кожата, а доколку сакате да бидете подискретни, со боја малку посветла од онаа на чорапите.
Чорапите до колена комбинирајте ги со куси панталони, широко или тесно здолниште или пак хеланки и куса блузичка во комбинација со чизми и шик капут.
Времето надвор е совршено за една ваква храбра комбинација за која ни требаат неколку степени во плус, па сега е вистинското време да му ги покажете на градот вашите нови чорапи до колена!