Кога мажите ги опишуваат своите сопруги...

11 март 2016

Тимот на модниот онлајн магазин modamo.info во најубавиот месец март направи една навистина интересна анкета за која разговараше со неколку претставници на посилниот пол од кои имавме можност да го слушнеме мислењето за нивните сопруги.

Во анкетата тие говорат за тоа како ги гледаат нивните жени, а она што е прекрасно од целото истражување е тоа што секој еден од нив ја смета својата сопруга за супер херој!

„Аида и јас сме во брак веќе шест години. Кога и да помислам дека постои нешто што таа не го знае или не го може, таа секогаш ме изненадува. Аида е единствена сопруга, мајка, фотограф, жена која ги прави најубавите колачи на светот, најдобар пријател и дефинитивно личност со која никогаш не ми е здодевно“, Мирза, во брак 6, 5 години.

„Жена, мајка, кралица. Наскоро четири деца“, Анте, во брак 10,5 години.

„Најубавото чувство е кога ќе се разбудам наутро и знам дека постои таа – мојата жена. Оваа година одбележуваме 15 години брак. Секојдневните разговори и опуштањето со работи што нѐ радуваат и двајцата е тајната на нашата долга врска. Шармантна, драга, скромна, храбра и пред сѐ природна, тоа е мојата жена, мајка на четири деца и наша семејна кралица“, Томо, во брак 15 години.

„За сега ни е мед и млеко, а таа е причината за тоа. Едноставно, таа го прави светот подобар со секоја нејзина насмевка. Таа е мојата фантастична жена“, Иван, во брак 6 месеци.

„Мојата жена ме научи дека среќата е во малите нешта, а јас ја научив дека во тие мали нешта вклучено е и гледањето фудбалски натпревар, така што од сега заедно уживаме во малите работи. Кога ќе дојдам дома и кога ќе ја погледнам, ми буди чувство на мир и сигурност“, Иван, во брак 2 години.



„Таа е дел од мене. Заедно сме целина. Не се двоиме. Се надополнуваме, се надоградуваме, патуваме низ животот заедно, како едно. И така сме пред Бога и законот цели 11 години. Претходно, заедно се прилагодувавме еден на друг шест години. И после толку години, секој момент со неа ми е како првиот ден. Исполнет со насмевка, ведрина и радост за животот. Се надевам дека ќе биде така уште 100 години“, Миро, во брак 11 години.

Објавено:
11 март 2016
Категорија: 
Стории
Прочитано:
2.084 пати