Кој плаќа за облеката на Меган Маркл?

22 јануари 2019

Во светските медиуми неодамна се појави информација дека Меган Маркл во својата кариера заработила околу пет милиони долари.

Тоа беше доволно да почнат шпекулациите кој всушност е задолжен за плаќањето на облеката во која се појавува сега веќе, Војвотката од Сасекс.

Пред да се омажи за принцот Хари, Меган сама си ја купувала облеката или пак добивала подароци од различни брендови. Сепак, сега веќе подароците се минато, бидејќи членовите на кралското семејство не смеат да прифаќаат подароци. 

Затоа, облеката што ја носи мора да биде платена. 

Од друга страна, богатството на принцот се проценува на преку 40 милиони долари (односно преку 30 милиони фунти). Дел од парите се и од наследството од мајка му, од кое добива годинешн износ од својата 25 година. Со Вилијам наследија речиси 13 милиони фунти само од починатата прабаба.

Новата кралска двојка, од принцот Чарлс добива и годишен буџет, со кој би требало да ги покријат и трошоците за облека, но тој износ сепак не е доволен, а и дел е предвиден за уредување на куќата во која ќе живеат по раѓањето на детето. 

На прашањето на „Дејли Мејл“ колкави се животните трошоци на Меган и Хари, од Кенсингтонската палата одбиле да даваат информации. Единственото што го признале е дека Меган својата облека ја плаќа приватно.

Инаку, кога е нејзиниот стил во прашање, за него е задолжена нејзината блиска пријателка, Џесика Мулронеј. Освен неа, војвотката има уште една помала екипа на асистенти. Нејзините модни комбинации се планираат три до четири месеци однапред, а дизајнерите и брендовите ги праќаат директно на домашна адреса, со смета. Тимот се грижи за британските брендови, додека Џесика за канадските и американските.

Како што беше случај и со Кејт, облеката во која што ќе се појави Меган, се распродава веднаш или интересот за истите парчиња се зголемува за 200 проценти. На пример, еспадрилите што ги носеше на турнејата во Австралија се веднаш продадени и нивната продажба пораснала за неверојатни 442 проценти.

За разлика пак од Кејт Мидлтон, Меган досега не се појавила два пати во иста комбинација, на што некои и замеруваат. А што прави со облеката што не ја носи - ја носи во хуамнитарни организации.

 

 

Објавено:
22 јануари 2019
Категорија: 
Стории
Прочитано:
3.021 пати