Љубовната приказна на принц Филип и Кралицата Елизабета II

10 април 2021

Нивната љубов траеше 74 години. Заврши вчера, со смртта на принцот Филип, но многумина веруваат дека е една од оние вечни приказни моја заслужува да биде преточена во долгометражен Дизниев филм.

Лето 1933 година. Нејзиното височество на свои 13 години вртоглаво се вљубува во принц Филип од Грција и Данска. Тој е 5 години постар од неа, со блескава кариера во Кралската Морнарица. Неговите сини очи и светлата коса ја привлекле Елизабета кон младиот принц. 

8 години подоцна се случила и свршувачката, веднаш по војната во 1947 година. Престолонаследничката и нејзиниот избраник го кажуваат судбоносното ДА во Вестминистерската Опатија, а самл 5 години подоцна, таа станува Кралица. 

На 9 април 2021 година, Принцот Филип, војводата од Единбург го издишува последниот здив во својот дом покрај Кралицата. Заедно имаат 4 деца, 8 внуци и 10 правнуци. Заедно го пропатуваа светот, од Австралија до Америкаж од Африка до Индија. Имаа моменти на тенок лед, но секогаш се издигаа и достоинствено ги извршуваа своите кралски должности. 

На една официјална вечера во 1997 година, Кралицата му се заблагодари што е нејзина сила, сето ова време. Принцот Филип ја нарекуваше приватно Лилибет.

 

Објавено:
10 април 2021
Категорија: 
Стории
Прочитано:
1.191 пати