Хари и Меган споделија фотографија од првиот роденден на Лилибет
•
7 јуни 2022
Принцот Хари и Меган Маркл споделија фотографија од првиот роденден на нивната ќерка Лилибет.
Роденденот го прославија на 4 јуни во саботата, откако претходно присуствуваа на прославата на платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета Втора.
Ова беше прво јавно реобединување на семејството од 2020 година, а воедно и прва прилика на кралицата да се запознае со својата правнука Лилибет која инаку е родена во Санта Барбара, Калифорнија.
На фотографијата малата Лилибет позира насмеана, облечена во фустанче во небесно сина боја.
Таа всушност е крстена по надимакот на нејзината прабаба што се користи во семејните кругови, а нејзиното средно име е Дијана, во чест на нејзината баба, Лејди Ди.
Покрај ќерката Лилибет, Хари и Меган го имаат и синот Арчи.