Меган и Хари станаа родители на Лилибет Дајана

6 јуни 2021

Меган Маркл и принцот Хари станаа родители по втор пат, a убавата вест ја соопштија преку официјално соопштение.

„Голема радост ни е да соопштиме дека Принцот Хари и Меган ѝ посакаа добредојде на нивната ќерка Лилибет „Лили“ Дајана Маунтбатен Виндсор на овој свет.  Лили е родена во петок во 11 часот и 40 минути, во болницата Санта Барбара, тешка 3.500 грама. Мајката и ќерката се чувствуваат одлично и се во својот дом. Сестрата на Арчи Маунтбатен Виндсор е крстена по нејзината прабаба, Нејзиното височество Кралицата, која блиското семејство ја вика Лилибет, а нејзиното средно име е во чест на починатата мајка на Хари, Принцезата од Велес - Дајана. Ова е второ дете на двојката. Тие го имаат и синот Арчи Харисон Маунтбатен Виндсор, кој има две години. Двојката се заблагодарува на топлите честитки, желби и молитви за време на овој за нив посебен момент како семејство. “, се вели во соопштението поставено на нивната веб страна „Archewell.

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Misan Harriman (@misanharriman)

Ниту Хари и Меган не ја криеја радоста за убавите вести:

„На четврти јуни бевме благословени со доаѓањето на нашата ќерка Лили. Таа е повеќе од она што можевме да замислиме и многу сме благодарни за љубовта и молитвите кои ги почувствувавме од сите страни на светот. Ви благодариме за постојаната поддршка и љубезност за овој за нас, како семејство, многу посебен момент“, се вели во нивната изјава.

За потсетување, двојката откри дека очекува нов член на семејството во февруари годинава, а во март за време на ексклузивното интервју кај Опра, открија и дека ќе биде девојче.

 

Објавено:
6 јуни 2021
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
884 пати
Тагови: 
Меган Хари ќерка