Најскапиот стајлинг на Оскарите го носела Кејт Бланшет, „Венити Фер“ ја има најскапата забава

20 април 2021

Уште неколку дена до 93. издание на Оскарите.

Беше неизвесно, дали и како ќе се одржи манифестацијата, па после долги размислувања, беше соопштен датумот 26 април.

И додека сме во исчекување на новата доза гламур, но и љубопитни да видиме како е осмислено ова уште од старт несекојдневно издание, се потсетуваме и на неколку податоци кои само се потсетување повеќе за тоа зошто е оваа манифестација престижна и интересна.

Некои од нив ви презентираме во продолжение:

-Првата церемонија е одржана во 1929 година, а билетите чинеле само пет долари. На првите „Оскари“, присуствувале само 270 луѓе.

-Церемонијата денес чини 44 милиони долари. Во оваа цена, покрај она што ние го гледаме на телевизија, влегуваат и „Оскаровскиот ручек“, доделувањето на трите животни награди на „Governors Awards“ и балот (Governors Ball).

-Поставувањето на црвениот килим трае 900 часа, за што се задолжени 18 луѓе.

-Самиот црвен килим чини 24.700 долари. Се простира на површина од над 4.600 метри квадратни, а посебно за килимот е вработено обезбедување, кое внимава некој да не го оштети.

-Просечната вредност на стајлингот на актерки од А-листата е 10 милиони долари. Сепак, најскапиот стајлинг во историјата на „Оскарите“ го имала Кејт Бланшето во 2014 година, чија цена изнесувала 18.1 милиони долари. Цената на фустанот од брендот „Armani Prive“ чинел 100.000 долари, додека накитот од „Шопард“, кој вклучувал обетки со 62 скапоцени камења (поточно опал), дијамантска алка и прстен, придонеле да се стаса до цена над 18 милиони. Инаку, таа година Бланшет доби „Оскар“ за Најдобра актерка за улогата во филмот „Blue Jasmine“ на Вуди Ален.

-Холивудските студија и продукции за време на сезоната за лобирања и кампањи трошат преку 100 милиони долари. 

- „Оскарите“ секоја година се одржуваат во Лос Анџелес. Од 2002 „Долби Театарот“ е местото каде што се собираат најпознатите ѕвезди. Оваа манифестација на градот му носи 130 милиони долари импут секоја година. 

-Со години наназад, после официјалната церемонија, следи забава и тоа во организација на магазинот „Венити Фер“. Воедно тоа е и најскапата „афтер парти“ забава, а цената на билетите се движи околу 105.000 долари.

-Да добиете „Оскар“ е исплатливо и на подолги патеки. На пример, Филмот  што ќе биде прогласен за „Најдобар филм“, потоа остварува зголемување на заработувачката на киноблагајните 15 милиони долари.

-Од сите номинирани филмови минатата година, во категоријата „Најдобар филм“, „Паразит“ го имал најмалиот буџет при снимањето, но највисок рејтинг на „Rotten Tomatoes“.

-На актерите и актерките што ќе освојат „Оскар“ во категоријата за Најдобар актер, односно актерка, за 20 проценти им се зголемува платата.

-Најдолгиот филм номиниран минатата година е „Ирецот“, со дејство долго 209 минути или околу 3 и пол часа. Во историјата на „Оскарите“  само еден филм е подолг - „Одвеано од виорот“ долг 238 минути.

-Реклама од 30 секунди за време на „Оскарите“ чини 2.6 милиони долари. Мислите дека е многу? Тоа е сепак само 54 отсто од цената на реклама со истата должина за време на „Супер Боул“.

-Мартинс Скорсезе е девет пати номиниран за Најдобар режисер, што го прави режисер со најмногу номинации некогаш.

-Последните три изданија беа без водител, а за ова издание на „Оскарите“ се' уште не е познато дали ќе имаат официјален домќин. Она што се знае е дека ќе има неколку познати личности кои ќе имаат веќе снимени реплики, некои ќе се вклучат и во живо, ќе се појават актери, диџеи, комичари...

-Минатогодишното издание беше историско бидејќи речиси третина од годинашните номинирани се жени, што е највисок процент досега. Во категоријата Најдобар режисер нема жени, но затоа во категоријата Најдобар документарен филм сите пет филма имаат женски режисер, а меѓу нив беше и нашата Тамара Котевска.

-Таканаречените „вреќички со подароци“ минатата година беа во вредност од околу 148.000 долари секоја (за сите 24 номинирани). Одмор со јахта (12 дена) чија вредност се проценува на 80.000 долари, шише од рачно изработен бел абсинт, сируп за правење коктели, француски колачиња „макарунс“, потоа купка со 24 каратн злато, аметист клристал, но и хијалуронска киселина. Исто така, подароците опфаќаат и посета на Канарските острови, домашно чоколадо со канабис за осум возрасни лица, шише од брендираната текила на Рита Ора (Rita Ora Prospero Tequilla), како и две пакетчиња „Pepperidge Farm Dark Chocolate Milano, третмани (не операции) од пластична хирургија во вредност од 30.000 (не операции) кај пластичниот хирург Константин Васјукевич, столче за медитација, дијамантски обетки и уште многу други нешта...

Објавено:
20 април 2021
Категорија: 
Стории
Прочитано:
5.807 пати