„Оскарите“ низ бројки

16 февруари 2017

Новото издание на „Оскарите“ е за десет дена. Тие што редовно го следат, веројатно со нетрпение очекуваат да видат дали фаворитите ќе бидат и победници, а постојат и оние што го гледаат само црвениот килим.

Како и да е, во пресрет на „Оскари 2017“ ќе презентираме низа текстови поврзани со оваа гламурозна манифестација.

Почнуваме со минатогодишното издание и тоа низ бројки.

 

Оскар-статуетка: помеѓу 500 и 900 долари за секоја

Проценката на трошоците за статуетките е добро чувана тајна. „Се договоривме со Академијата дека никогаш нема да дискутираме за цената на производството на статуетките“, вели Џозеф Петре, директорот на дизајн на RS Owens, компанијата што досега ги произведуваше статуетките.

Но, тоа не ги спречи калкулациите, базирани врз основа на цената на златото. Инаку, најчесто се направени од 24-каратно знато. 

Како одминува времето, така и вредноста на статуетката се зголемува. Најголемата сума некогаш платена за Оскар е 1.542.500 милиони долари на Дејвид О.Селзник за најдобар филм за „Gone With The Wind-1999 година), а го купи Мајкл Џексон.

Инаку, од 1929 година, кога за првпат се презентираат, па до денес, направени се преку 3.000 статуетки.


Картичките со номинации: 10.000 долари

картичките од 2014

За минатогодишната манифестација направени се 488 картички, за кои беше задолжен графичкиот дизајнер Марк Фридленд. Му биле потребни 110 часа за да ги изработи, што значи да го осмисли дизајнот, да ги пластифицира, рачно да ги напише, да стави печат и гравура од златни ливчиња.


Лобирање: до 10 милиони долари

Лобирањето започнува месеци пред церемонијата и може да стане непријатно, бидејќи ривалните студија често се „оцрнуваат“ меѓусебе. Податокот за тоа колку се троши во овој сегмент е откриен од избор на магазинот „Variety“.


Домаќини: Од 15.000 – 25.000 долари

Во овие рамки се движи плаќањето на водителите на манифестацијата, вклучувајќи го и последниот – Крис Рок. Годинашниот, Џими Кимел, како пренесоа светските медиуми земал 15.000 долари за овој ангажман.

Права на емитување: 75 милиони

За емитувањето на „Оскарите“ на „Еј-Би-Си“, правата ги плаќа „Дизни“, а потоа се откупуваат од други земји ширум светот.

Најскапиот фустан: 2 милиони долари

Најскапиот фустан некогаш носен на црвениот килим е дизајниран од Џон Галијано (за време на работата во „Диор“) и чини 2 милиони долари, а честа да го носи имаше Никол Кидман и тоа во 1997 година.

Рекламирање: околу 200 милиони долари

Во периодот од 2009-2014 година меѓу топ пет најплатени реклами биле оние на „Хјундаи“, „Кока Кола“, „Самсунг“, „Американ Експрес“ и „JC Penney“. Инаку,, реклама од 30 секунди на ABC за време на „Оскарите“ чини помеѓу 1.8 и 2.2 милиони долари.


Обезбедување: 250.000 долари

Со оглед на светските случувања и стравот од терористички наподи, инсајдери велат дека минатогодишното издание на „Оскарите“ било како „држава на војници“, а се очекува тој тренд да биде задржан и годинава.


Торбата со подароци: 230.000 долари

Ваква торба со подароци им се доделува на сите номинирани, како и на водителите. Највредните подароци од минатата година вклучуваат ВИП, all-inclusive пат во Израел вредно 55.000 долари, како и 15-дневна, приватна тура низ Токио вредна 54.000 долари и година дена бесплатен рент-а-кар на Ауди, вреден 45.000 долари.


Лос Анџелес економија: 130 милиони долари

Од властите на Лос Анџелс изјавија дека „оскаровската“ треска носи милиони на локалната сметка. Според последните податоци – дури 130 милиони долари.


Сјај: 7.5 милиони долари

Во 2015 година биле потрошени 7.5 милиони долари на дијамантите што ги гледавме на актерките на црвениот килим. А на тоа додадете го и фустанот на Лупита Нјонго од бисери, вреден 150.000 долари.


Црвен килим: 25.000 долари

Тоа значи дека секој квадратен инч (6.4 см) чини 1.50 долари, што значи дека килимот е преку 1549 метри квадратни.


Хонорари: 3.9 милиони и 500.000 долари

Победниците во категориите Најдобар актер и Најдобра актерка можат да очекуваат покачување на нивните хонорари за следните филмови и тоа во посочениот износ.

Објавено:
16 февруари 2017
Категорија: 
Стории
Прочитано:
861 пати