Нова опција: Facebook shop за малите претприемачи и онлајн продажба

21 мај 2020

Фејсбукот како социјална мрежа денес е едно од главните места за пласирање и продажба на производи. Сепак, она што досега се вршеше преку објави по групи и страници, сега ќе се претвори во таканаречен Facebook shop.

Замислата на челните луѓе на „Фејсбук“ е да создадат место каде купувањето за луѓето ќе биде забава, а не задача. Воедно и уште поважно е што сакаат да им помогнат на мали претприемачи, кои посебно се погодени од оваа ситуација со Ковид-19 (на глобално ниво), така што ќе им овозможи да се прилагодат на трендовите, а купувачите ќе можат полесно да ги најдат и да ги купат производите кои им се допаѓаат. 

Целта на Фејсбук е да обезбеди едноставно шопинг искуство и да им помогне на сите, од мали претприемачи до глобални брендови, а сè тоа преку користењето на апликацијата преку која ќе се поврзат со своите купувачи.

Како функционира?

Креирањето на Facebook Shop е едноставно и бесплатно. Претприемачите можат самите да одберат кои производи сакаат да ги промовираат и пртиоа да го прилагодат изгледот и впечатокот на својата „продавница“ одбирајќи насловни фотографии и бои со кои ќе го претстави својот бренд.

Тоа значи дека секој што сака нешто да продаде, независно од големината или буџетот, може тоа да го стори онлајн и да се поврзе со купувачите кога и каде тоа најмногу им одговара.

До Facebook Shop може да се пристапи преку страницата на брендот на Фејсбук или профилот на Инстаграм, а може и преку „стори“ објави или спонзорирана објава/оглас.

Корисникот може да ја пребарува целата колекција, да ги означи производите кои го интересираат и потоа да направи порачка на интернет страницата на компанијата. Купувачите во САД можат да нарачуваат и без да ја напуштат апликацијата, доколку брендот ја има уклучено таа опција.

Секако, купувачите ќе имаат можност да постават прашање, да побараат поддршка или да ја следат пратката преку праќање на порака на WhatsApp, Messinger илиInstagram Direct. Во иднина ќе имаат увид во продавницата и можност да нарачаат директно од чатот во споменатите апликации.

Претставувањето на оваа опција започна завчера, а во наредните месеци ќе биде достапна кај сите.

Освен ова, Фејсбук вложува и во дополнителни апликации како Инстаграм Шоп, купување во живо и други кои ќе бидат интегрирани во Facebook Shop-oвите, сè со цел да им се помогне на купувачите полесно да ги откријат производите и да им се олесни купувањето.

 

Instagram Shop - ново место за откривање брендови и производи

Летово во САД, Фејсбук ќе го претстави и Instagram Shop, кој ќе претставува нов начин за откривање и купување производи на Инстаграм. Корисниците ќе можат да ја побараат инспирацијата во колекциите поставени на инстаграм продвавницата, да го пребаруваат тоа што им е потребно и тоа со помош на категории, како Убавина или Дом, Мода...  Подоцна годинава, во делот за навигација ќе биде додадена и посебна секција, за Инстаграм корисниците да можат да пристапат кон апликацијата со само еден клик.


Купување во живо

Користењето на опцијата „live“ на фејсбук апликациите со цел да се презентира некој бренд или производ не е нешто ново. Но, Фејсбук сега тоа ќе го поедностави. Продавачот, брендовите и дизајнерите наскро ќе можат да ги означат производите во својот Facebook Shop или каталогот пред да се вклучат во жвито и тие производи ќе бидат прикажани на дното на видеото, за корисниците со само еден клик да можаат да дознаат повеќе за нив или да ги купат. Оваа опција веќе се терстира и во наредните месеци ќе биде уште подостапна.

 

Програма на верност

Фејсбук го тестира и начинот на кој би можел да им овозможи на купувачите полесно да доаѓаат до награди или подароци низ различни програми на верност, собирање поени и слично. Тие ќе бидат поврзани со сметката на корисникот , така што купувачот постојано може да ја следи состојбата на своите поени.

Целото појаснување околу новитетите го имате и на блогот на Facebook.

Објавено:
21 мај 2020
Категорија: 
Стории
Прочитано:
810 пати