Има 86-години, неговото име е Али и веројатно е личноста што денеска ќе ви го направи денот поубав.
Зошто?
Затоа што Али е доказ дека годините се само бројка, која не секогаш е реална претстава за тоа колку години има и вашиот дух. И секако, дека на секоја возраст можете да бидете личност со стил.
Али има турско-германско потекло, а го привлече вниманието на фотографката Зое Спавтон, бидејќи три години секојдневно поминувал покрај нејзиното работно место.
Али се преселува од Турција во Германија уште пред четири децении. Некогаш бил доктор, но сега е кројач, па оттаму не изненадуваат неговите убави и интересни одела.
Зое почнала сосема спонтано да го фотографира, бидејќи ѝ бил интересен, но тоа прераснало во навика која траела три години ( од 2012 до 2015).
Во негова чест таа креира и блог насловен „Што носеше Али“ (What Ali Wore), каде е забележан неговиот стајлинг секое утро во тие три години.
Но, мора да напоменеме дека покрај убавите комбинации, редовен моден додаток на изгледот на Али се симпатичните мустаќи и насмевката под нив! И секако, ништо без талентот за позирање!
Навистина импресивно!
Во галеријата погледнете уште неколку од фотографиите: