Материјата која е обоена со црна боја, не емитува отсјај, таа врши апсорпција на остатокот од спектарот во себе. Спаѓа во тон, во ахроматски бои.
Таа со својата апсорбирачка способност, нашла примена и во психологијата и како таква претставува штит од надворешните влијанија кои се поврзани со внатрешната психоза. Црната боја, не претставува чин на сигурност, туку страв од детектирањето на лична несигурност кај носителот на истата.
Во модата, таа претставува штит од внатрешниот емотивен стрес и како таква, тоа е нејзината првична примена. Модата е лачење на внатрешноста, како чин на мотивација, а е изразена како готов чин на надворешна акција, во вид на оклоп за заштита.
Напомена, од можни последици на црната боја врз модата:
Пред сѐ денес модата е влезена во темелите на животот, како начин на прикажување, а не како заштита. Затоа тука се наоѓа и првиот проблем во нашата психолошка анализа, кога некој ја избрал црната боја како доминантна во својот изглед, не знаеме дали неговата намена е базирана на модна причина, со што би се претставил себе си пред светот?
Примена:
Црната боја нашла примена и во традицијата, се верува, дека црната во себе ќе го собере духот на мртвиот, затоа што, ауарата која излегла од овоземниот човек во себе носи своја боја и ако сакаме да ја зачуваме и да ја собереме во себе, потребен е тон, кој ќе ја апсорбира, како црната и белата. Затоа се појавени разлики во зависност од традицијата и култот кон боите и нивната примена.
Какво е значењето на црната боја во стилот на познатите?
Алесандра, одбрала црни кожени панталони, црно крзнено елече и плетен црн џемпер. Во оваа комбинација од материјали, присутна е заштитната функција изразена преку црната боја, тоа се потрврдува и со изборот на материјалот, нивниот состав е природен: волна, кожа, крзно. Кај неа, во начинот на избор на составните делови на материјалите, имаме отвореност (во определен простор) кон светот, тоа се гледа во оној дел каде што се гледа голата кожа кај стомакот, токму тоа укажува на храброст. Колку и да е надворешно изразена нејзината заштита, таа сепак сака да покаже дека може внатрешно да ги изџвака сите непријатности и да се спротистави на истите. Нејзиниот страв од светот, се гледа и во очилата кои ги покриваат нејзините очи, но и поткренатоста на раката од десниот лакот (на кој ја носи ташната) кон главата, а кој е малку погоре од потребно, тој укажува на заштита, додека другата рака со шишето вода се упатени кон земјата и укажуваат на сигурност. Дури и сигурноста во нејзиниот од, геометриската поставеност на нејзиното тело, асоцира на разградување на останатата материја која може да се најде како пречка на нејзинот „пат“.
Андријана Лима е облечена во црн фустан од жерсе. Причината на нејзиниот избор, лежи во заштитната функција. Лима овде ги потенцира заштитата на нештата кои ги поседува, бидејќи материјалот на фустанот, по себе има своја тежина која како оксиморон ја нагласува мекоста, а не грубоста на истиот. Жерсе се добива на хемиска база, ова не’ наведува дека нејзиниот избор, сигнализира на проблеми на професионална основа. Лима сакала да ја прекрие својата несигурност, со помош на ѓерданот кој е изработена од кристални камчиња ( кои може да се дијаманти), но нас не’ интересира брусењето на истите, односно нивниот начин на впивање на нештата, како слика за нејзината растроеност. Се гледа несигурност во поставувањето на нејзиното торзо, буквално се воочува „клатење“ на нејзиното тело од огромна несигурност, како да сака да ја врати и скрие својата лева нога, која не укажува на напад, туку на сигурност и „клатење“ на основата во седиштето на телото.
Карл Лагерфелд, носи црни панталони кој на себе имаат апликации, има сигурен од, но својата заштита тој ја создал од повеќе причини, а тоа се гледа со групирањето на длабочината во црните панталони, која ја постигнал со помош на двата материјали, со кои сака да ја покаже полесно достапната негова заштитна слика кон светот, но истовремено и потешко достапната.
Изборот на Рејчел Зое е црн памучен фустан со еластин. Со него, таа сака да ја искаже растегливоста и продирливоста во својата заштитна функција. Може и нејзината заштитната функција сака да го покаже своето амебично разлевање низ просторот, нешто како октопод на заштитата, кој може да се разлева во зависнот со потребите. Стравот да не се сопне, лежи во желбата за преголема заштита, тоа таа го нагласува со лежерното држење на фустанот со левата рака, додека нејзината десна дланка е во цврста врска со детето.
Во случајот на Џеред Лето црната боја и костимот, е одбран според протоколот на црвениот килим, но деталите како што е белата машна ни укажуваат, дека рефлектира отвореност кон светот. Не значи дека неговата отвореност е добра, напротив, тоа се гледа во говорот на телото, односно во поставеноста на лева нога, ако се сконцентрирате ќе го забележите неговото треперење кое бара заштита. Дури и ликот кој како да се враќа наназат, се плаши од жештината на шамарот од светот.
Автор: Илија Илов