Реплика на филмската мода на Хичкок

20 јануари 2016

„Да снимате филмови за мене, најпрво и пред се, значи да раскажете приказна. Таа приказна може да биде неверојатна, но таа не треба никогаш да биде обична. Пожелно е да биде драматична и хумана. Драма, тоа е живот од кој се исклучени сите досадни моменти." – Алфред Хичкок


       Модата и филмот секогаш оделе заедно рака под рака, без оглед дали се работи за специјално дизајнирани костими или најнови haute couture модели кои ги носат главните актерки.

Хичкок секако бил гение кога се работи за естетиката, моделите, деталите, експресиите на жената со кои неговите филмови се преплавени. Тој сакал да ја прикаже модата од еден поинаков агол, за него единствен, секако и успева во тоа, давајќи им исклучителна важност на текстурата и кројот.

Ја прикажувал жената и нејзината сексуалност секогаш со огромна мистичност, некои актерки токму затоа го мразеле, но подеднакво толку и го сакале.

Неговите филмови биле преполни со елементи на страв и фантастика и чуден хумор. Во нив главно се прикажуваат невино обвинети протагонисти во околности и ситуации кои се надвор од нивната контрола и моќ. Една од главните теми во неговите филмови е и анализата на машко-женските односи при што е доминантен неговиот циничен став кон традиционалните романтични врски.

Елена Лука Ви прикажува реплика на модата во неговите филмови преку мистичноста, цврстината на кроевите, необичноста и уникатноста во еден артистичен едиторијал.
Моделите Крис и Елена се новите лица на модната куќа, тие веќе започнаа со кампањи. Овојпат ги гледаме во едно поинакво светло во модели од последната колекција „IMPACT“.

Уживајте во едиторијалот, нема да Ве остави рамнодушни.

 

Објавено:
20 јануари 2016
Категорија: 
Стории
Прочитано:
982 пати