Што научив од носењето на „голиот“ фустан...

15 август 2015

Сведоци сме дека во последно време познатите ѕвезди многу често на разни свечености се појавуваа во транспарентни или т.н. голи фустани. Ким Кардашијан, Бијонсе, Џеј Ло, Шакира се само дел од дамите што се одлучија преку ваква креација да ги истакнат своите облини.

Ким Кардашијан

Кога се занимавате со мода или пишувате за неа, многу бргу преминувате преку трендовите и шок речиси и да не постои. Сè е дозволено, сè е нормално.

Но, модната уредничка Хана Мекинли се одлучи да види што ќе се случи и какво искуство ќе понесе таа од носењето на еден таков фустан.

Хана Менкинли

-Не сум модел или актерка. Не сум Бијонсе. И не сум навикната да се фотографирам често. Ме интересираше како изгледа да носиш таков фустан, па се одлучив да го „тестирам“ во секојдневието – вели Мекинли.

For Love and Lemons

Се одлучи за „гол“ фустан од брендот For Love and Lemons, го облече и се прошета низ Њујорк со него, а еве се и резултатите:

Нема што да сокриеш

Кога ја гледаш фотографијата, забораваш како изгледа кога се движиш во фустанот. На фотографија изгледа „замрзнато“. Но, во вистинскиот, реален живот, ве уверувам, воопшто не е. Фустанот на For Love and Lemons се лизга и не стои во едно место, па сте на ризик да покажете и повеќе од саканото, особено кога се качувате по скали, не е важно дали се обични или оние на Мет галата.

Остатокот од светот не го знае „голиот“ фустан

Работењето во сферата на модата ќе направи и најбизарните трендови да изгледаат прифатливо. Ми беше во ред да бидам првата од моите пријателки што ќе носи топ, но запрашајте се дали би сакале да го поставите трендот на „голиот фустан“ на следната летна венчавка да речеме. Во реалниот живот, никој не е имун на тоа кога ќе се појавите во транспарентен фустан, дури да се работи и за илузија. Ова го научив на потешкиот начин, чекорејќи по Park Avenue и во МcDonald’s. Дури и да го виделе фустанот на Бијонсе во магазин, гледањето во живо на жената до вас што го носи е сосема поинакво искуство. Што се однесува до мене, можам да ја разберам нивната фасцинираност, но имам помалку трпение за мажите што сакаат добро да ја прочитаат содржината на она што се наоѓа под фустанот, односно дали тоа е навистина гола кожа или нешто друго. Лекцијата е научена: бидете подготвени за многу многу повеќе (несакано) внимание.

Сета таа „голотија“ на некој начин е охрабрувачка

За мене беше незамисливо да го сместам моето тело во нешто толку оскудно. Постојано правев споредби со Џенифер Лопез во нејзиниот фустан и мене во мојот. Нешто во стилот на „кој го носи подобро“.

Џенифер Лопез

Не се работеше толку за стајлингот колку за телото. Го закопчав фустанот и веднаш зажалив за пецивото што го изедов одејќи на кај канцеларијата. Но, кога се погледнав во огледало, фустанот не изгледаше тесен. Не, тоа не беше телото на Џенифер Лопез, но беше МОЕ. Ме натера да застанам исправено и да чекорам малку порешително, одлучно, со моето тело во тоа издание.

Мора да го прифатите

Првиот дел од утрото го поминав прилепена за фустанот и со рацете околу мене, за да го избегнам изложувањето. Можете ли да ме обвините? Јас имам долна облека што повеќе покрива од фустанов. Сè повеќе луѓе ме гледаа (некои убаво, некои и не толку убаво, всушност воопшто не убаво) и знаев што морам да направам. Ми одеше да викнам: „Знам, не сум Бијонсе. Го правам ова за работа, се колнам“.

Потоа го видов мојот одраз во еден излог и ме натера да се насмеам. Носев нешто гламурозно и драматично – нешто многу далеку од мојата комфорна зона што ме натера да се чувствувам како некој друг. Можеби и бев Бијонсе – не ми беше грижа, се чувствував силна.

Објавено:
15 август 2015
Категорија: 
Стории
Прочитано:
3.097 пати