Што помалку килограми, повеќе работа

15 април 2015

n-AINSLEY-MCWHA-large570

Законот во Франција со кој се забранува појавување на преслаби модели на модните писти или во рамки на модните кампањи, ја поттикна поранешната манекенка Ејнсли Макуа да прати отворено писмо, каде ќе ги сподели нејзините искуства со модната индустрија.

Нејзината приказна ја објави „Хафингтон пост“:

„Еден ден добив повик да одам на разговор во мојата матична агенција. Тоа беше во времето кога се правеше кастинг за модната недела во Париз, па веднаш знаев за што се работи. „Немој ништо да јадеш наредните два дена. Пиј само вода. Наредните две недели одиш во Милано. Пиј многу вода“, ми кажа директорот на модната агенција чиј член бев.

Требаше кога ќе се вратам од Милано да одлучат дали сум доволно слаба за да учествувам на париската модна недела.

Тогаш имав 19 години, бев висока 180см и сметам дека имав нормална тежина за девојка на моја возраст и со моја градба. Во тоа време веќе имав повеќе од година дена искуство во моделингот и се наоѓав на 15-тото место на листата најплатени модели. Во што е тогаш проблемот, се прашувате?

Четири месеци пред да отидам на разговор, имав многу помалку килограми, отколку кога ми ја соопштија веста за Милано и Париз. Од мене се очекуваше да ја задржам ниската килажа.

Ешли на средина од нејзината кариера Ешли на средина од нејзината кариера

Една девојка ја повикаа на разговор токму поради килограмите, и тој не беше ни малку пријатен, па не сакав и мене да ми се случи истото. Почнав да бирам која храна ќе ја јадам. Почнав уште повеќе да работам, другите девојки ми завидуваа, а јас верував дека сум на добар пат да станам супермодел. Не престанав сосема да јадам, но јадев многу малку.

Никој не забележа што се случува, бидејќи живеев на другиот крај на светот, далеку од семејството и пријателите. Многу патував. Секој ден друг град, од утро до мрак, малку сон и малку храна.

Таков начин на животот не беше одржлив. Месеците на гладување направија да верувам дека тоа не само што е добра идеја, туку е и потребно. Мојот агент ми закажа разговор со нутриционист, но она што мене ми беше потребно е психолог. Мојата состојба беше сè полоша. Кога се вратив кај моите родители во Канада, самата отидов кај психолог. Следеа месеци терапија.

Ешли денес Ешли денес

Денес имам 37 години и не се занимавам со моделинг. Самата себе се изненадив кога престанав да го работам тоа. Ме изненади колку престанав да се грижам поради својот изглед, да се оптоварувам со косата, кожата и килограмите.  Денес имам нормална тежина, иако многумина и понатаму ме доживуваат како слаба.

Кога читам сега за францускиот закон и сите оние кои сакаат да ги забранат премногу слабите манекенки, се присетувам на сè и помислувам каде беа кога мене ми требаа.

И не само мене, туку на илјадници девојки на кои им е ветена истата работа: Ако бидеш доволно слаба, ќе добиеш работа.

За потсетување од 2010 –та неколку модели го изгубија животот токму од анорексичност.

Ана Каролина Рестон од Бразил во 2006 година на 21-годишна возраст го загуби животот од оваа болест. Истата година, Луисел Рамос (22) од Уругвај се збогуваше со модниот свет. Следната година, нејзината сограѓанка Елиана Рамос (18) беше жртва на анорексија, како и Хила Елмалих (33) од Израел.

Еден од последните случаи беше оној на францускиот модел Исабел Каро, која почина во 2010 година на 28-годишна возраст, што беше една од причините за покренување на овој закон.

Објавено:
15 април 2015
Категорија: 
Стории