Возрасен брачен пар во фотосесија инспирирана од „The Notebook“
•
12 септември 2016
Еден од најромантичните филмови што никого не остава рамнодушен, „The Notebook", беше инспирација за брачниот пар Клема и Стерлинг Елмур да ја прослават својата 57-годишна љубов.
Имено, нивната внука која е фотограф, им направи фотосесија инспирирана токму од омилениот филм на нејзината баба.
По примерот на легендарните сцени од „The Notebook", Клема и Стерлинг пред фотообјективот на нивната внука ги пренесуваат нивните меѓусебни искрени чувства и љубов која трае повеќе од половина век.
Она што е интересно е што двојката е облечена во винтиџ стил, односно облеката што ја носат е во духот на 50-те и 60-те години на минатиот век, односно времето на нивната младост.
Вистинска љубовна приказна, а како од филм...